Home » , » Мајк Браун се враќа на тренерската позиција во Кливленд

Мајк Браун се враќа на тренерската позиција во Кливленд

Written By Unknown on 24.4.13 | 20:36

Денеска беше и официјализирана одлуката дека Мајк Браун, тренерот со најдобар победнички рекорд во франшизата на Кавалирс, е старо-нов тренер на Кливленд. 

Браун на почетокот на сезоната беше отпуштен по една сезона во Лејкерс, но репутацијата како добар тренер ја стекна уште во времето на ЛеБрон во Кливленд, од 2005-2010 година. Постави рекорд од 314-167, што е најдобар во историјата на Кливленд и 6ти најдобар рекорд во историјата на НБА лигата помеѓу тренерите кои диригирале на барем 400 натпревари.

“Јас сум повеќе од возбуден што Мајк Браун се враќа во Кливленд. Знаеме дека атмосферата околу него секогаш ќе биде победничка, бидејќи тоа е во неговата крв. Тој ќе придонесе за да се подобри одбраната во нашиот млад, талентиран тим.“ - изјави Ден Гилберт, претседателот на Кливленд.
Браун освоил барем една плејоф серија во секоја сезона откако е тренер во НБА лигата. Можеби тоа нема да биде случајот и со Кливленд во брза иднина, но мора да признаеме дека ова е еден од најмладите тимови со многу потенцијал предводевни од Кајри Ирвинг и   дека иднината е светла за нив.

0 comments:

Post a Comment