Доколку Никси сакаат да ги завршат сериите вечерва против Селтикс со 4 победи во првата рунда од плејофот, тоа ќе мора да го направат без услугите на Џеј-Ар Смит.
Тековниот шести човек на сезоната Смит беше суспендиран од лигата на неиграње на еден натпревар, поради лактот што го фрли во лицето на Џејсон Тери, во текот на натпреварот број 3 против Селтикс во ТД Гарден.
На Смит му беше досуден неспортски фаул од втор степен, што значеше исклучување од натпреварот во кој Њу Јорк доминираше. НБА лигата ја разгледа ситуацијата и денеска ја официјализира одлуката дека Џ.Р. Смит нема да настапи во натпреварот број 4, кој се игра вечерва со почеток од 19:00 часот.
0 comments:
Post a Comment