Home » , » НБА МАКЕДОНИЈА: Заокружување на сезоната, и предвидување за наградите

НБА МАКЕДОНИЈА: Заокружување на сезоната, и предвидување за наградите

Written By Anonymous on 20.4.13 | 17:25


  По 2.460 одиграни натпревари заврши и 67. регуларна сезона на НБА лигата. 

Оваа сезона покажа дека квалитетот на лигата драматично падна, но и дека новиот колективен договор почна да стапува на власт, со мали но важни чекори на ѕвездите групирано во поединчни екипи, за тимовите да можат да ги платат. Руди Геј и Џејмс Харден се само почеток на таа приказна, можеби тоа не е добро за Оклахома и Мемфис, но за лигата е и повеќе од добро, и се надевам дека во иднина помалите тимови ќе “грабнат“ по  некоја млада ѕвезда за во наредните сезони да имаме што подобри екипи, а со тоа и поквалитетни натпревари.

Според мене лично, оваа 67. НБА сезона ја одбележа овој колективен договор, бидејќи малку кој пред тоа во минатото доведувал такви одлуки за трејдови на играчи, а креаторот на оваа модерна НБА лигата, како и човек што го направил тој договор во јули 2013 за последен пат како НБА Комесар ќе го предаде Лери О’Бриен трофејот, победничкиот трофеј на НБА Финалето.

Колку и да се чини невозможно сепак дојде и редот после скоро 30 години, Дејвид Штерн да замине во пензија. Покрај Штерн и Колективниот договор оваа сезона ќе остане пред се запамтена поради апсолутната доминација на ЛеБрон Џејмс и Мајами Хит кои во оваа сезона беа пред сите останати. Изненадија Никси, но и Голден Стејт беа право освежување, додека пак Денвер покажа дека и без Ол-Стар играчи може да изигра и тоа како добро. Можеби бевме сведоци на последниот “танц“ на Коби Брајант, на другиот свет го испративме легендарниот Џери Бас, а некои нови “деца“ како Лилард, Дејвис, Вол, Бил ја преземаат лигата, додека пак Кевин Дурент созреа во полн план и се очекува да има одличен плејоф. После краткиот вовед време е да ги “доделме“ наградите:

МВП - ЛеБрон Џејмс (МАЈАМИ ХИТ)
Трката за МВП беше трка на ЛеБрон Џејмс против бројките, бидејќи целата сезона ја одигра далеку пред сите. Редеше рекорди и тоа: 1) 7+ натпревари со 30+ поени и 60% реализација од поле; 2) Најмлад играч кој постигнал 20.000 поени; 3.) Најмлад играч играч кој постигнал минимално 20.000 поени, 5.000 скокови, 5.000 асистенции, 1.000 блокади и украдени топки и тн итн... Џејмс оваа сезона редеше рекорди. Ако некогаш беше доведена во прашање неговата доминација тогаш мислам дека оваа сезона тоа прашање не смее ни да се постави. Оваа година е година на Џејмс и Мајами, а ние сме само сведоци. Без конкуранција, четвртата МВП награда оди за Кралот Џејмс.

Руки на годината - Дејмиан Лилард (ПОРТЛАНД ТРЕИЛ БЛЕЈЗЕРС)
Како што Џејмс за сите останати играчи беше во своето време (руки сезоната), така Дејмиан Лилард беше оваа сезона. Апсолутна сензација на овој човек од универзитетот Вебер. Стана единствен играч покрај Оскар Робертсон кој во првите 3 натпревари постигнал 20 поени и асистирал барем 7 пати. Лилард не само што рушеше рекорди, не се тоа само цифри на Лилард кој играше како ветеран од минимално 6 сезони поминати во лигата, така смирено, професинално, фино и искусно. Да се преземе тим на својот грб од страна на руки играч и да го водите како Лилард, тоа го можат само најголемите. Портланд има многу светла иднина со овој човек, и се надевам дека пред се конечно ќе ги следи среќата, после трагедиите со Рој, Оден, и онаа од 1984. година наместо Џордан го одбраа Сем Боуви. Лилард како и Џејмс, нема конкуренција за оваа награда.

Дефанзивен играч на годината - Серџ Ибака (ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР)
Ова веројатно е едно од сите признаниа во кое барем можат да се набројат 5-6 кандидати кој рамноправно можат да конкурираат за оваа титула. Марк Гасол, Пол Џорџ, Тони Ален, Тајсон Чендлер, Луол Денг, Џоаким Ноа и тн, но за мене апсолутен победник е Серџ Ибака. Ибака пред се со заминувањето на Харден презеде добар дел од товарот во нападот и го подигна својот просек од 9 поени по натпревар на 14 поени по натпревар, но неговата одбрана и статистиките во одбрана не седеа “мирно“ и и тие натпредуваа. Ибака води во лигата во блокови по натпревар (3.1), што е скок во однос на минатогодишните 2.8 по просек. Скоковите напредуваа исто така од 7.8 на 8.1 по натпревар. Ибака е незаменлив за Оклахома така да за скорот кој го постигна тимот на Тандер оваа сезона голема заслуга зема и Ибака, кој за мене е најдобар и најпрофинет за оваа награда.

Тренер на годината - Скот Брукс (ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР)
Малку тренери и тимови се кој можат да се пофалат дека во 5 сезони по ред имаат раст на процентот за победа. Имено, Оклахома е првиот тим по легендарните Селтикси од ’50тите и ’60тите години кој успеала да забележи раст на процентот за победи, 5 сезони по ред. Покрај тоа Брукс и ако претпре голем удар со трејдот на Харден, успеа да го консолидира тимот и да направи една единица која може да му парира на Мајами, додека пак за Западот не е проблем. Дурант успеа да го направи добар играч, зрел играч кој треба да прави се што му е потребно на тимот за победа. Неговата најболна точка е Расел Вестбрук кој има одлични бројки, игра одлично, но Рас е Рас неговата луда глава е иста како и на Казнс, полна со потенцијал, но лудилото не успева да се тргне, но гледам дека тимот што го направи Брукс е апсолутно генијален, а тоа ја докажува првата позиција на Западот. Видов дека се “форсира“ Сполстра за најдобар тренер оваа сезона, но според мене тоа би била навреда за струката, затоа што ако некој треба да добие награда во Мајами за водење на тимот, тогаш тој човек е Пет Рајли. И слеп човек би увидел дека секој потег во играта на Мајами е дело на Рајли, а не дело на Сполстра.

ПРВА ПЕТТОРКА НА ЛИГАТА:

1. Крис Пол 2. Коби Брајант 3. Кевин Дурент 4. Кармело Ентони 5. ЛеБрон Џејмс

ПРВА ДЕФАНЗИВНА ПЕТТОРРКА НА ЛИГАТА:

1. Крис Пол 2. Тони Ален 3. Пол Џорџ 4. Серџ Ибака 5. Марк Гасол

ПРВА РУКИ ПЕТТОРКА НА ЛИГАТА:
1. Дејмиан Лилрад 2. Бредли Бил 3. Харисон Барнс 4. Ентони Дејвис 5. Андре Драмонд

Да ја анализираме сега Источната Конференција:

Мајами Хит:
Ако некој и натаму се сомнева во доминацијата на Џејмс и Мајами тогаш оваа сезона го докажа спротивното. Од октомври до април Мајами газеше и мелеше се по ред, а во сите тие натпревари ги играа со 80% сила, додека пак останатите играа само колку што требаше. Вејд и Бош конечно може да се рече дека конечно се вклопија во улогите на “side kicker“ во играта на Мајами, што сега ни дава, една совршена, феноменална Голема Тројка. Меѓутоа, јас повеќе би се свртел кон клупата на Мајами, која беше феноменална оваа сезонас со играчи како Реј Ален, Рашад Луис, Мајк Милер, Норис Кол и Шејн Батие каде секој од нив би имал минутажа на стартер, и тоа покажа дека тоа беше она што фалеше. Добра клупа. Една работа е многу интересна за клупата на Мајами. Никој не се жалеше за минутажата, никој не бараше да игра повеќе, само напорно тренираа, ја чекаа шансата и беа спремни скоро сите од клупата да изиграат во другите тимови околу 30тина минути. Што се однесува на рекордот од 27 победи во низа мислам дека таа екипа беше единствена од која што се очекуваше вакво нешто. На пр. Рокетси не дека не беа спремни за такво нешто, туку не се очекуваше, додека пак за Мајами и тоа како се очекуваше. Што се однесува на плејофот, останува да видиме..

Дефанзивното трио:
Индијана Пејсерси, Бруклин Нетси и Чикаго Булси сите од прв до последен натпревар да одиграат добри одбрани. Иако многу очекуваа дека Булси нема да играат вака поради изостанокот на Роуз, нивната страшна одбрана ги одведе до 5 место на Истокот и дуел со Нетси. Бруклин одиграа според очекувањата, бидејќи пред почетокот на сезоната беа вистинска атракција. Џо Џонсон стана омилен кај рускиот милијардер, единствен проблем кој милијардерот никогаш не го виде е дека Џо Џоносон не е вреден за тој договор. Сезоната на Нетси пред се ја одбележа отказот на тренерот Џонсон кој мислам дека беше без никакви причини, но ете, го тренерското столче го наследи П.Џ. Карлисимо кој апсолутно не промени ништо, освен формата на Дерон Вилијамс кој конечно заигра на Ол Стар ниво, одличните партии офанзивно на Лопез, па и одличната одбрана на Еванс, Валас и Хамфирс кој изиграа одлично. Од друга страна Булси скоро цела сезона ја поминаа во магла, дали се враќа или ќе биде спремен до Ол Стар паузата, дали ќе биде спремен за последните 20 натпревари, дали проблемот во коленото е и натаму тежок проблем за Роуз? Ова прашање се поставува цела сезона. КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ ДЕРИК РОУЗ? Колку тоа одвлече внимание на играчите, кажува и самиот податок дека целата јавност оваа сезона се “замара“ со враќањето на Роуз. Никој не ни виде ниту објави дека Луол Денг е прв во одиграни минути по просек, дека Ноа ја одигра сезоната на кариерата, дека Булси ја имаа 3 најдобра одбрана во лигата, дека без својот најдобар играч завршија на 5. позиција на Истокот. Лично јас мислам дека Роуз требаше да се врати после Ол Стар паузата или веднаш да каже дека нема да заигра оваа сезона, затоа што се останато беше чиста неправда и кон другите тимови и кон навивачите и кон сите кој ја следат оваа лига. Дуелот на Нетси и Булси ќе биде рововска битка во 7 натпревари и мислам дека ке биде еден од најдобрите натпревари во оваа рунда од плејофот.

Индијана Пејсерс:
Ако може нешто добро да се најде во повредата на Дени Грејнџер е тоа дека во неговото отсуство се роди нова НБА ѕвезда - Пол Џорџ, чија игра на офанзивно, а поготово на дефанзивно е причина која Индијана е единствена заедно со Никси кој на Мајами ги победиле два пати оваа сезона. Пејсерси заедно со Џорџ, Хиберт, Вест, Хил и Стивенсон ја воиграа најдобрата одбрана во лигата, и овој тим е единствен кој може да му наштети на Мајами во плејофот. Од стартот до крајот Пејсерси беа единствен тим кој знаеше што сака. Одличните ротации, движењето, одбраната, пик енд ролот, играњето на границата на фаулот и доволувањето на апсолутен минимум на противникот им ја одбележа оваа сезона.Одлична работа заврши Вогел кој од оваа екипа го извлече максималното и слободно ќе речам Индијана има големи цели за плејофот, а за тоа имаат и причина поради нивната одбрана, контрите, скокот и солидниот процент на шут од линијата за слободните фрлања, како и комплетниот тим кој е здрав како дрен и ќе имаат надеж за високи цели.

Њу Јорк Никс:
Во новата сезона, тимот од Големото Јаболко влезе како и во сите предходно, со огромни амбиции и очекувања, тренер за кој се тврди дека не е способен да ги однесе до прстен Никси. Никси имаат многу голем пазар и трејд амбиции пред сите останати (освен Лејкерси). Пристигна цела група од ветерани или подобро речено играчите кои се пред пензија стигнаа во Никси, го имаа и најстариот руки играч на сите времиња Пабло Приџиони (36). Кармело е офанзивна сила, Амаре беше повреден, но се врати и долго издржа, и повторно се повреди. Џ.Р. Смит е нагазна мина, додека единствен центар во тимот е Тајсон Чендлер. Џејсон Кинд дојде во цветот на татковското време, но тој и покрај своите години даде се од себе. Покрај ова се наведено овде, тука е и “специјалецот“ за тројки Стив Новак (кој очигледно не знае што друго да прави) кој заедно со Коупланд кој го ископаа некаде од Белгија составија одличен тим.  Но, сепак, среќната ѕвезда им се сврте на Никси по толку години, силната изолација и испуцувањата ги следеа, тројките влегуваа како луди, Новак, Кид, Мело и Смит што и да фрлеа влегуваше. Чендлер скоро сам гинеше во одбраната. Потоа се запре, познатата поговорка “кој живее од тројка умира и од тројка“ се оствари, пред крајот на сезоната. Заввршија 2. на Истокот. Њу Јорк нема некој систем на игра, кај нив се оди на изолација и простор за шут за 3, на Мело тоа му годи бидејќи никогаш не бил тимски играч, дава по +30 по натпревар, Џ.Р. Смит од клупата дава по +20 поени. Кога во одбраната е сам Тајсон Чендлер сигурно нема да може. На крајот и чудно ми е што Никси се покажуваат како “добри“, па скоро и “одлични“ во скок играта, но без некоја игра и со толкав број на испуцувања и несериозни шутеви мислам дека Никси тешко ке можат да им парираат на Мајами поготово сега кога Мајами (играчите) ја игра најдобрата кошарка. Во плејофот, доколку Мело и Смит бидат нормални и шутираат од позиции од кои им оди, и го користат својот офанзивен талент, па и да играат одбрана ќе успеат многу. Во спротивно Бостон со Пирс и Гарнет многу ќе ги намачи.

За другите тимови од Истокот нема што да се додаде освен дека, Бостон Селтикси реално со толку повредени играчи и толку можат, Бакси со негативен рекорд се во плејофот, сезоната на Сиксерси ја одбележаа добрите партии на Џру Холидеј, но и повредата на Бајнам, Орландо и Шарлот ќе си ја бараат среќата преку драфтот, додека Атланта и тоа како заслужено е во плејофот, Репторси од следната сезона ќе претсатуваат кандидат за плејофот...

А, сега, пред да ви ја презентираме Западната конференција, да им се свртиме на остнатите индивидуални награди:

Титула за најдобар стрелец на сезоната - Кармело Ентони (ЊУ ЈОРК НИКС)
- 28.7 поени по натпревар

Титула за најдобар асистент на сезоната - Ражон Рондо (БОСТОН СЕЛТИКС)
- 11.1 асистенции по натпревар

Титула за најдобар скокач на сезоната - Двајт Хауард (Л.А ЛЕЈКЕРС)
- 12.4 скока по натпревар

Титула за најдобар крадец на сезоната - Крис Пол (Л.А КЛИПЕРС)
- 2.41 украдени топки по натпревар

Титула за најдобар блокер на сезоната - Серџ Ибака (ОКАХОМА СИТИ ТАНДЕР)
- 3.03 блока по натпревар

А, сега, како што најавивме доаѓа време за заокружвање на сезоната во Запдната конференција:

Оклахома Сити Тандер:
Тимот на Оклахома одигра стандардно добра сезона. Главен фактор за тоа беа Кевин Дурент, Расел Вестбрук, како и 6. играч Кевин Мартин, но и тренерот Скот Брукс кој добро го оформи и состави тимот по заминувањето на Џејмс Харден во Рокетс. Скот Брукс во Дурент направи добар зрел играч, навидум ол-араунд играч кој правеше се што е потребно на теренот. Вестбрук конечно стана прав плејмејкер асистирајќи им на своите соиграчи. Ибака блокираше се што ќе стигнеше под кошот, додека пак Сефалоша завршуваше добра работа во одбраната. Оклахома во Кеј-Март најде добар 6. играч. Тимот како што рековме погоре одигра фантастична сезона (прво место на Западот) и сега со високи амбиции ќе атакува во плејофот, каде што не гледам кој би ги загрозил на Западот. Млади се, пред се перспективни, имаат еден од најдобрите играчи во лигата, и тоа е тоа нема што да се каже повеќе. Очекувам многу од нив во плејофот.

Сан Антонио Спарс:
Се сомневаше ли некој во “старците“ на Попович? И да се сомневаа, сега сето тоа сомневање би требало да падне во вода. Тони Паркер одигра фантастична сезона, Данкан како да играше во цутот на младоста, Дени Грин, Каваи Леонард и Тиаго Сплитер одиграа фантастично, додека и Џинобили имаше свои моменти, иако во поголемиот дел од сезоната се мачеше со повреди. Попович уште еднаш докажа дека е голем тренер, еден од најдобрите. За Спарси нема што да се каже многу, искусни се, поготово по потпишувањето со МекГрејди, ќе атакуваат во плејофот.

Л.А Лејкерс:
Лејкерси имаа многу слаба сезона. Не поради нешто друго, туку поради вуиграноста. На почетокот на сезоната го отпуштија Мајк Браун и потпишаа со ДиАнтони, но сепак и ДиАнтони не внесе многу во играта на Лејкерси. Коби Брајант “сам“ го предводеше тимот, Двајт Хауард и Неш беа повредени и се мачеа со повреди, додека Гасол имаше свои моменти со клупата. Сето ова резултираше до последен момент да се борат за плејофот. Но, една тешка вест ги скрши сите срца на фановите на Лејкерс, а тоа е кинењето на Ахиловата тетива на главниот играч во тимот, Коби Брајант. Во плејофот ќе мора да играат без него, а и во наредната сезона, каде овој играч ќе се опоравува од повредата. Можеби тие 34 поени против Голден Стејт беа негови последни во кариерата...

0 comments:

Post a Comment