Home » , » Дејвид Ли нема среќа - го пропушта остатокот од плејофот

Дејвид Ли нема среќа - го пропушта остатокот од плејофот

Written By Unknown on 21.4.13 | 20:26

Крилниот центар на Голден Стејт Вориорс нема да заигра во остатокот на сезоната за својот поради повредата која ја заработи во натпреварот број 1 против Денвер Нагетс, а се работи за искината тетива на десниот колк.

Вориорс веќе се во дупка поради поразот во првиот натпревар од Нагетс, но оваа повреда на Ли ќе ги уништи уште повеќе. Ли е многу важен дел од ротацијата на Марк Џексон и оваа сезона беше првиот Ол-Стар играч во редовите на Вориорс уште од 1997 година, бележејќи одлични 18.5 поени и 11.2 скока по натпревар. 

Со оваа повреда, повеќе време на паркетот ќе добијат Карл Лендри и Дрејмонд Грин, но играчите како Стефан Кари и Клеј Томспон ќе треба да направат исчекор во својата игра за да ја пополнат дупката што ја остава отсуството на Ли, нешто што ќе биде доста тешко.

0 comments:

Post a Comment