Home » , » Крис Коупленд и Дејмиан Лилард најдобри дебитанти во Април

Крис Коупленд и Дејмиан Лилард најдобри дебитанти во Април

Written By Unknown on 20.4.13 | 10:46

Крис Коупенд од Њу Јорк Никс и Дејмиан Лилард од Портланд Треил Блејзерс беа избрани за играчи на месец Април во источната, односно западната конфенреција.

Коупленд имаше четврти најдобар просек покрај сите дебитанти во поени по натпревар (15.0) и четврти најдобар просек во реализација од поле (45%). На 17. Април во победата против Атланта, Коупленд постави личен рекорд од 33 поени во 40 одиграни минути на паркетот. Ова беше втор пат во кариерата на 29-годишниот дебитант тој да стигне до цифрата од 30 поени во еден натпревар. Ова е прва награда - играч на месецот за Крис Коупенд. 

Лилард, кој шести пат овааа сезона ја освојува оваа награда, месецов ги предводеше сите дебитанти во поени (19.0) и асистенции (6.2) по натпревар. Го скрши рекордот за постигнати тројки на еден руки играч со 185 тројки во оваа сезона, поминувајќи го Стефан Кари кој постигна 166 во својата дебитантска сезона. Лилард оваа сезона стана и третиот руки играч, покрај Оскар Робертсон и Ален Ајверсон, кој постигнал барем 1.500 поени и 500 асистенции во својата прва сезона. На 10. Април во поразот од Лејкерс, Лилард стана првиот дебитант после ЛеБрон Џејмс кој во еден натпревар постинал барем 38 поени и 9 асистенции.

Други номинанти за овие награди беа Ентони Дејвис и Андре Драмонд. 

0 comments:

Post a Comment