Мајк Вудсон од Њу Јорк Никс и Мајк Д'Антони од Лос Анџелес Лејкерс беа избрани за стратези на последниот месец од регуларната сезона, Април.
Вудсон ги предводеше своите Никси до рекорд од 8 победи и 2 пораза во изминативе 20тина дена, со победи над 4 плејоф тимови во истокот: Атланта (два пати), Индијана, Мајами и Милвоки. Никси ја поминаа границата од 50 победи во сезоната, што се случува за прв пат по сезоната 1999/2000 и го имаа вториот најдобар рекорд на домашен терен со 31 победа и 10 порази во Медисок Сквер Гарден.
Д'Антони ги предводеше Лејкерси до најдобриот рекорд во нивната конференција (изедначено со Клиперс и Нагетс) овој месец, со 7 победи и 1 пораз, вклучувајќи ги победите над Голден Стејт, Сан Антонио и Хјустон. Иако во глобала Лејкерси одиграа разочарувачка сезона, тие завршуваат како 7. место во западната конференција со рекорд од 45-37.
Други номинанти за овие награди беа: П.Џ. Карлисимо, Џорџ Карл, Лајонел Холинс, Ерик Сполстра и Скот Брукс.
0 comments:
Post a Comment