Home » , » Док Риверс: “Не постои подобар играч од Кевин Гарнет“

Док Риверс: “Не постои подобар играч од Кевин Гарнет“

Written By Anonymous on 13.4.13 | 18:34


Тимот на Бостон, вчера беше поразен во Мајами од актуелните шампиони на НБА лигата, со резултат од 109-101, а натпреварот го пропуштија Кевин Гарнет и Пол Пирс - најдобрите играчи на Бостон.

Колку е Кеј Џи важен играч во ротацијата на Док Риверс, најдобро сведочат и неговите зборови. Имено, тренерот на Бостон во суперлативи зборуваше за својот крилен центар за кој го смета за најдобар играч на франшизата.

“Кевин Гарнет е клучен. Начинот на кој игра тој човек, и покрај неговите години, е неверојатен. Тој минатата година во серијата со Мајами имаше учинок од 20-10, многу играчи никогаш не оствариле вакво нешто. И не само тоа. Придонесот на Гарнет е голем и без бројките, Тој тоа што го прави во соблекувалната за тимот, со својата појава на теренот прави многу. Неописливо е“ - вели Риверс.

Док Риверс имаше уште нешто да додаде:

“Уверен сум дека за еден клуб не постои подобар играч од Кеј Џи. Во текот на сите овие години, можеби не беше само на ист ранк го Меџик Џонсон. Останатите не му се ни блиску. Тој е винстинска суперѕвезда, тој е лидер и водач на оваа генерација на Бостон. Без него, овој тим никогаш не би бил ваков како што е сега“ - заклучи Риверс.

0 comments:

Post a Comment