Home » , » Тони Паркер: “Секогаш заборавате на мене!“

Тони Паркер: “Секогаш заборавате на мене!“

Written By Unknown on 12.5.13 | 15:42

Ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Тони Паркер постигна 32 поени во победата на Спарс од 102-92 во Оракл Арената над Вориорс, со што повторно имаат контрола врз сериите со резултат од 2-1. 

Пред натпреварот, сето внимание беше свртено кон бековското дуо на Вориорс од Стеф Кари и Клеј Томпсон, но Тони Паркер на овој натпревар ги потсети сите за неговото постоење. 

По натпреварот, Паркер беше запрашан за вниманието што го добиваат другите плејмејкери во лигата, па дури и Дерик Роуз кој не ни игра доминира во вестите, и Паркер даде одговор кој не беше кажан со децении. 

“Тие секако забораваат не мене секопат. Но тоа не ми е важно, јас играм за моите соиграчи, за тренерот Поп, за Спарси и за градот Сан Антонио.“ - изјави Тони Паркер.
Паркер клицкаше во последниот период од натпреварот поради повредата на задниот подколеничен мускул, и исто како Кари, кој го свитка глуждот е под знак прашалник за настапот вечерва, на четвртиот натпревар од овие серии во Оракл Арената. Тони Паркер по натпреварот рече дека бил удрен прилично незгодно.

Томпсон пак, кој ја имаше дефанзивната задача над Паркер во првите два натпревара во Сан Антонио, задржувајќи го на шут од поле само 18-43, рече дека Паркер ги правел истите работи во натпреварот број 3, како и во првите два натпревара.

“Тој буквално ги правеше истите работи како и во првите два натпревари во Сан Антонио, само што овојпат шутираше многу повеќе. Погоди некои тешки шутеви. И мислам дека проблемот не е нашиот напад, туку нашата одбрана. Мислам дека треба да бидам пофизикален со Паркер.“ - изјави Томпсон.
Натпреварот број 4 ќе се одигра вечерва, во 21:30 часот во Оракл Арената во Оукленд.

0 comments:

Post a Comment