Наградата за најдобар тренер на сезоната 2012/13 оди кај стратегот на Денвер Нагетс, Џорџ Карл. Денвер под неговите палки регуларната сезона ја заврши со најдобар рекорд на домашен терен (38-3) и трет најдобар рекорд во западната конференција од 57 победи и 25 порази.
Во процесот на изгласување за најдобар тренер на сезоната, Џорџ Карл прими вкупно 404 поени, од кои 62 за негово прво место. Втор во ова гласање заврши Ерик Сполстра од Мајами Хит со вкупно 190 поени, а со 127 гласа заврши Мајк Вудсон од Њу Јорк Никс на третата позиција во гласањето.
Нагетси го заработаа четвртиот најдобар рекорд во лигата (57-25), иако сезоната ја започнаа како трет најмлад тим во лигата и во текот на сезоната немаа играч кој постигнува повеќе од 16.7 поени по натпревар. Домашниот рекорд на Денвер од 38-3 во изминатава сезона е најдобар рекорд во историјата на франшизата и изедначен за 14. најдобар рекорд во историјата на НБА лигата.
А што се однесува до сезоната на Карл, негова 25та во лигата, тој освои две награди за најдобар тренер на месецот, предводејќи ги Нагетс до рекорд од 13-2 во Март и рекорд од 12-3 во Јануари. Во текот на месец Јануари, Џорџ Карл го помина Лери Браун на вечната листа на тренери со 1.100тата победа во својата кариера.
Еве како изгледаше гласањето и кој се доби глас за тренер на сезоната:
|
0 comments:
Post a Comment