Home » , » Доколку Оклахома и Чикаго не победат вечер, сезоната за нив ќе биде завршена

Доколку Оклахома и Чикаго не победат вечер, сезоната за нив ќе биде завршена

Written By Anonymous on 15.5.13 | 23:11




Уште вечерва би можеле да ги добиеме првите патници во финалето на Истокот, односно Западот, а тоа би можеле да бидат тимовите на Мајами и Мемфис кои имаат водство од 3-1 во плејоф серијата против своите противници. 
Едно е јасно, Оклахома и Чикаго нема да се предадат лесно, но доколку Мајами и Мемфис играат како што ги играа и изминатите натпревари лесно ќе стигнат до победата, и до пласманот во конференциското финале.

Кеј-Ди денес ќе се потруди да направи се што е во негови раце за да ја врати Оклахома во живот, но доколку Мемфис игра добра одбрана над него особено Тони Ален, тогаш веројатно тимот на Мемфис ќе успее да оди понатаму. По повредата на Вестбрук, овој тим на Оклахома не е истиот. Реџи Џексон не е ни блиску до Расел, Ибака не му ја дава потребната поддршка на Дурент, а ниту Мартин.

Во другиот натпревар пак доколку Булси не почнат да шутираат добро од поле (по само 19те шута погодени од поле завчера) со сигурност ќе бидат елиминирани. Мајами игра добра кошарка, особено во оваа серија Крис Бош и ЛеБрон Џејмс. По таа прва победа на отварањето на серијата Булси не се ни блиску до победата, но доколку вечер се покажат во најдобро светло Ноа, Робинсон, Бузер и Батлер, ќе успеат да намалат на 3-2. Но, доколку не, вечерва сезоната ќе заврши за нив.

Едно мало потсетување за натпреварите:

Мајами Хит - Чикаго Булс - 01.00
Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис - 03.30

0 comments:

Post a Comment