Home » , » Кингси остануваат во Сакраменто

Кингси остануваат во Сакраменто

Written By Unknown on 16.5.13 | 01:16

Сопствениците на сите НБА тимови денеска и официјално се согласија и изгласаа дека ќе ја одбијат понудата за преселба на Кингс во Сиетл, нешто што беше потвредено и од комисионерот Дејвид Штерн. 

Фамилијата Малуфс, која го поседува тимот Сакраменто Кингс ќе биде известена во следните неколку дена дека тимот неможе да биде продаден во Сиетл, а ќе се разгледаат шансите за продавање на тимот на сопственик во Сакраменто, со што тимот и дефинитивно би останал во Калифорнија. 

Малуфси официнално не го продаваат тимот, но нивната финанска состојба не е доволна за да тие управуваат со франшизата. Затоа тимот мора да се продаде. Сега уште една светла опција е групата што ја донесе легендата на НБА лигата Кевин Џонсон, кој предложи група на купувачи на тимот од Сакраменто. Оваа група понуди слична понуда како онаа група на купувачи од Сиетл, што всушност ги израмни шансите за останување и заминување на Кингс од/во Сакраменто.

0 comments:

Post a Comment