Home » , » ЛеБрон: "Тим Данкан е најдоминатниот играч во последните 15 години“

ЛеБрон: "Тим Данкан е најдоминатниот играч во последните 15 години“

Written By Unknown on 6.6.13 | 21:01

Кога зборуваме за најдобрите играчи во последната деценија, во нивната ера тоа се најверојатно Коби Брајант и Тим Данкан. 

Голем број од публиката би го одбрала Коби над Данкан. Но, ЛеБрон не гледа на тој начин. Во текот на интервјуто пред финалето кое започнува вечерва, ЛеБрон изјави дека Тим Данкан е на врвот од таа листа.

“Веројатно тој е еден од најдобрите играчи кои што воопшто заиграле во оваа лига. Кога ќе ги соберете последните 15 години, тој најверојатно е најредовниот и најдоминантниот играч од сите што сме ги имале во последните 15 години. Има 4 титули, многу Ол-Стар номинации, МVP титула, и така натаму...“ - изјави ЛеБрон Џејмс.
“Мислам дека не добива многу внимание затоа што не е експлозивен како и останатите играчи. Не скока и лета над други играчи за да го повлече вниманието. Но мислам дека оние што ја разбираат кошарката знаат колкава е неговата големина. Што друго можете да кажете?“ - додаде ЛеБрон.
Коби ќе го искрости ова како дополнително гориво за да се врати на терените. Секако, како што би направил Коби во секој случај. Но ЛеБрон е во право до некоја граница. Не дека можеби е најдобар во неговата генерација (за тоа треба малку повеќе дискусија), но за тоа дека Тими е потценет во многу случаи. Додека го следиме Коби како се адаптира на новиот стил на игра како што неговите атлетски способности полека исчезнуваат, играта на Данкан секогаш зависела од неговите паметни и "old-school" потези. Шутот од табла нема да влезе во многу хајлатси, а важи исто така 2 поени како и забивањето.

Но поради тоа како игра, особено моментално, не излгеда дека Данкан воопшто остарел. Ги погодува истите шутеви, ја игра истата игра на 37 години, како и што играше на 31 година, во финалето од 2007 година. Изгледа вечен.

А како лекција на сево ова, ние, како фанови, треба повеќе да ја цениме кариерата на Данкан.

0 comments:

Post a Comment