Home » , » Денвер го отпушта Џорџ Карл

Денвер го отпушта Џорџ Карл

Written By Unknown on 6.6.13 | 20:22

Џорџ Карл, кој пред месец дена беше избран за најдобар тренер на минатата сезона, е отпуштен од тренерската позиција во Денвер Нагетс, само една година пред да му истече договорот.

Оваа одлука од тимот на  Денвер беше соопштена денеска, само една недела откако од Нагетс си замина и нивниот ГМ, Масаи Уџири.

"Џорџ беше голем дел од нашиот успех во последната деценија и му се заблагодаруваме за се што направи за нас за да не одржи во елитата во Западната конференција. Карл е "hall-of-fame" тренер чија кариера во таборот на Нагетс ќе биде запаметена за долго време." - изјави претседателот на тимот, Џош Кроенк.

Џорџ Карл го превзеде овој тим во 2004 година и влегуваше во последната сезона од неговиот договор, но по елеминацијата од Голден Стејт Вориорс во првата рунда од овогодинешниот плејоф, двете страни се одлучиле да не ја продолжат соработката.

Во деветте сезони со Нагетс, Денвер никогаш не го прооушти плејофот, а изминатата сезона ја завршија со рекорд од 57-25, што беше трет најдобар во Западната конференција. Ова беше најдобриот скор во историјата на оваа франшиза и фактот што најмногу му овозможи да ја освои наградата за тренер на сезоната. Во 2010 година, Џорџ Карл стана само седмиот тренер во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 1.000 победи.

0 comments:

Post a Comment