Home » , » НБА Драфт 2013: Алекс Лен

НБА Драфт 2013: Алекс Лен

Written By Unknown on 27.6.13 | 16:24

Алекс Лен е еден од најтешките таленти за проценување на овогодинешниот драфт, дел поради затркиеноста од своите соиграчи, дел поради својот карактер. Но што кажува неговиот талент, колку високо треба да биде избран?

Име: Алекс Лен
Универзитет: Мериленд
Возраст: 20 години
Позиција: Центар
Висина: 2.16м
Тежина: 115кг

Статистика

Предвидување за драфт позиција: Број 4
Компарација со НБА играч: Зајдринас Илгаускас, Коста Куфос

Ниту еден играч во универзитетската лига не направи поголем расчекор во својата игра од првата во втората сезона како Алекс Лен. За жал, неговото подобрување и одличната сезона беше засенета поради неговите ништо-полоши соиграчи. Минатата сезона, Лен постигнуваше по 12 поени, 8 скока и 2 блока, со реализација од поле 53%. На следното ниво, со бекови околу него коишто можат да шутираат и да го контролираат темпото на играта, неговото подобрување ќе биде неизбежно.

Лен, кој е украинец по потекло, има комбинација од големо тело, атлетичност и вештина. Нема многу центри со висина од 216cm кои што имаат простор од 2.22 метри меѓу рацете, а уште поретки се таквите коишто можат да имаат придонес на двете страни од теренот.

Откако го надогради своето тело пред минатата сезона, голем дел од неговото подобрување беше тоа што можеше да заврши над својот противник. Најдобрите натпревари ги имаше против Нерленс Ноел од Кентаки, каде што постигна 23 поени и 12 сока, а имаше 19 поени и 9 скока против Мејсон Пламли од Дјук.

Противничките тимови со ниски центри не му претставуваа проблем на Лен, а без плејмекер во тимот на Мериленд, нивната офанзива зависеше од изолациони потези, особено на нискиот пост. Ако конечно заигра со квалитетен плејмејкер во НБА лигата, неговата способност за завршување околу обрачот веднаш ќе го направи закана за противничкиот тим преку pick-and-roll играта. Што е уште поважно, напредува и неговиот шут од полудистанца, што повторно, со добар плејмејкер ќе го направи и добар pick-and-pop играч.

Алекс Лен е исто така одличен и во одбрана. Иако ја нема атлетичноста на Нерленс Ноел, способен е да ја контролира својата одбрана од рекетот. Беше уменуван во првиот тим со најдобри дефанзивци минатата сезона, а тоа кажува нешто.

Големото прашање во неговата НБА кариера е неговиот глужд, кој беше изложен на операција неколку пати. Повреди на стапалото за високите играчи како него се големи знаци за внимателност.

Како и да е, секој тим би посакал да го има Лен во својот ростер. 20-годишни центри со тело и вештина како неговата не се наоѓаат често.



http://nbamakblog.blogspot.com
/search/label/2013%20%D0%9D%D0%9
1%D0%90%20%D0%94%D1%80%
D0%B0%D1%84%D1%82

0 comments:

Post a Comment