Приказните дека Кеј-Џи и “Вистината“ ќе бидат трејдувани на крај се остварија. Долгогодишниот капитен на Селтикси, кој никогаш во својата кариера не играл за друг клуб, за жал ќе мора да ги спакува куферите и да се пресели во Бруклин.
По бројни нагодувања помеѓу двете страни, на крајот договорот е постигнат. Се чекаше неколку саати Кеј-Џи да го одобри трејдот затоа што во договорот има “no-trade“ клаузула по која може да го стопира секој трејд. Овој го одобри. Меѓутоа, желбата на искусните играчи е да играат за тим кој ќе се бори за титула, за заминувањето во Бруклин сигурно ќе им пружи таква шанса.
Во пакет со Гарнет и Пирс ќе замине и Џејсон Тери. Во спротивна насока одат Кејт Боганс, Крис Хамфриз, Реџи Евнас и Џералд Валас, но и право на три пикови од првата рунда на драфтовите од 2014, 2016 и 2018. година.
Управата на Бостон разговараше со својот капитен и Кеј-Џи и тие на крајот се сложија дека Бостон мора да се реконструкционира.
0 comments:
Post a Comment