Home » , » Џејсон Кид е новиот тренер на Бруклин Нетс

Џејсон Кид е новиот тренер на Бруклин Нетс

Written By Unknown on 13.6.13 | 14:04

Бруклин Нетс го именуваа поранешниот играч на нивната франшиза Џејсон Кид за нов главен тренер на тимот, официјализираше ГМ на тимот Били Кинг. Кид ќе стане дури 18тиот различен тренер во историјата на овој тим.

“Во име на целата организација на Бруклин Нетс, многу ми е мило што ќе соопштам дека Џејсон Кид е нов тренер на нашиот тим. Џејсон е докажан победник и лидер со неверојатно знаење и искуство во кошарката. Ова е природна транзиција за него како што ја превзема позицијата на тренер во тимот, а сигурно и ќе го зацврсти тешкиот, паметниот и тимскиот менталитет кој што пробуваме да го воспоставиме тука во Бруклин.“ - изјави ГМ на тимот, Били Кинг.

Џејсон Кид, играчот кој ги предводеше Нетси до две последователни настапи во големото НБА Финале во 2002 и 2003 година, одигра во 506 натпревари во шест и пол сезони со тимот на Њу Џерси Нетс. Тука го доживеа и врвот на кариерата, постигнувајќи просеци од 14.6 поени, 9.1 асистенции и 7.2 скока по натпреавр.

“Ова е одлична шанса за мене како главен тренер на една франшиза како што е Бруклин, а оваа улога ја проучував уште во текот на моите денови на теренот. Шампионските тимови се градат преку база на несебичност и подготвеност во секој момент, а тоа е баш рутината која што очекувам да ја воспоставам во овој тим. Навистина сум возбуден за следната фаза која што ќе ја доживеам во мојот кошаркарски живот.“ - изјави Џејсон Кид.
Одлуката да се ангажира Џејсон Кид става крај на потрагата за нов тренер на тимот, откако претходно отказ му беше дадено на П.Џ. Карлисимо, кој пак го замени местото на Ејвери Џонсон, кој исто така си замина во текот на минатата сезона.

Иако Кид е дебитант во тренерските води, неговото знаење и искуство во кошарката ќе му помогнат многу како тренер. Во соблекувалната на тимот ќе има многу почит, со оглед на тоа дека со голем дел од играчите кои што ќе ги координира има играно со или против нив. Извори блиски до случајот тврдат и дека Кид би можел околу себе да ги донесе поранешниот тренер на Нетс Лоренс Френк и сегашниот асистент во Детроит Рој Роџерс, како негови асистенти.

0 comments:

Post a Comment