Home » , » ЛеБрон Џејмс: "Мора да играм подобро"

ЛеБрон Џејмс: "Мора да играм подобро"

Written By Unknown on 12.6.13 | 14:20

Низ првите три натпревари од НБА Финалето, ЛеБрон Џејмс има просек од 16.3 поени и  39% реализација од поле. Најдобриот играч на планетата личи само на еден просечен НБА играч.

Во натпреварот број 3, Спарс играа одлична, но ризична одбрана над него. Му оставаа барем два чекора простор на секоја негова изолација, при што ЛеБрон мораше да одговара со скок-шутот, а тоа беше и она што Попович го посакуваше. Голем дел од одбраната над ЛеБрон одиграа и Каваи Леонард и Дени Грин, а резултатот беше реализацијата 7-21 од поле и ниту едно слободно фрлање зад неговото име. И секако, засрамувачки пораз за неговите Мајами Хит. 

“Едноставно морам да играм подобро. Неможам да очекувам победа по еден лош натпревар за мене како синоќа. Морам да шутирам подобро, да правам подобри одлуки. Срамот не оди на никого освен на мене.“ - изјави ЛеБрон на прес-конференцијата по поразот на Мајами синоќа.
Без Крис Бош, кој неможе да ги погоди шутевите од дистанца кои ги погодуваше низ целата сезона, и без Двејн Вејд кој не наликува на стариот себеси, на Мајами им е очајно потребен ЛеБрон Џејмс. Неможат да победат на друг начин. Неговиот инстинкт е да создава шанси за своите соиграчи и да додава кога ќе го удвојат, но сега е време да ја спушти главата и да се упати кон обрачот со сета своја сила.

Спарси нема да ја променат својата тактика во одбраната без оглед на тоа против кого играат. Време е за ЛеБрон самиот да ги реши проблемите што му ги создава одбраната на Сан Антонио.

0 comments:

Post a Comment