“Не побарав трејд. Тоа се невистинти приказни. Едвај чекам да видам кој ќе стигне во тимот во оф-сезоната за да го појачаме тимот“ - нагласи 2.11м високиот крилен кошаркар.
Олдриџ е под 5 - годишен договор вреден 62.5 милиони долари, а има да одработи уште две сезони.
Ол Стар крилниот центар во текот на минатата сезона бележеше одлични бројки. Изигра 74 натпревари и бележеше 21.1 поен, 9.1 скокови и 2.6 асистенции.
Играчот кој две години е член на Ол Стар натпреварот, следната сезона би требало да биде главен играч во тимот заедно со Дејмиан Лилард.
0 comments:
Post a Comment