Home » , » Лајонел Холинс си заминува од Мемфис

Лајонел Холинс си заминува од Мемфис

Written By Unknown on 11.6.13 | 15:57

Договорот на Лајонел Холинс во Мемфис нема да биде продолжен, што значи дека Холинс си заминува од тренерската позиција во Гризлис.

Лајонел Холинс постави рекорд од 196-155 во петте сезони во Мемфис, а врвот со тимот го досигна оваа сезона, кога ги одведе Гризлис до конференциското финале на Западот, по што тимот беше елеминиран со 4-0 од Сан Антонио Спарс.

Пред ова да се случи, Гризлис му дозволија на Холинс да разговара за понуди и со другите тимови, што само ги започна шпекулациите за прекинување на соработката помеѓу двете страни. Холинс ја искажа својата желба дека сака да остане во Мемфис, но тимот сега е спремен да оди понатаму без тренерот кој ги одведе до рекорд од 56-26 минатата сезона. 

Неколку тимови беа заинтересирани за неговите услуги уште пред да излезе од Мемфис, а како најзагреани се покажаа ЛА Клиперс. Холинс наводно би требало да разговара со стручните лица во Ел-Еј, но други шпекулации водат кон тоа дека и Денвер и Бруклин се отвараат како можни дестинации за Холинс.

Што се однесува до Мемфис, тие веќе имаа разговор со поранешниот тренер на Денвер Нагетс, Џорџ Карл.

0 comments:

Post a Comment