Home » , » Морис Чикс ангажиран за нов тренер во Детроит

Морис Чикс ангажиран за нов тренер во Детроит

Written By Unknown on 11.6.13 | 16:10

Детроит Пистонс го ангажираат поранешниот асистент на Оклахома Сити Тандер Морис Чикс за нов тренер на својот тим. Тој го превзема младиот тим во развивање, надевајќи се дека ќе го врати на победничките патеки.

Морис Чикс ќе потпише три-годишен договор, што ќе биде сосема доволно време за да навлезе во тимот како што се развиваат младите сили во Андре Драмонд, Брендон Најт и Грег Монро. ГМ на Пистонс ветува и уште посилен ростер за наредната сезона, што најверојатно ќе го состави преку маркетот за слободни играчи ова лето. 

Низ својата кариера, Чикс имаше одлично искуство како главен тренер на Портланд Треил Блејзерс и Филаделфија СевентиСискерс. Пред ова, тој беше асистент на Скоти Брукс во Оклахома Сити Тандер.

Во своите први две сезони во Портланд, со тимот оствари рекорд од 99-65, но во следните 5 сезони од тренерското искуство неговиот рекорд изнесува 185-221, без ниту една победничка сезона. 

Морис Чикс позицијата на тренер во Пистонс ја превзема од Лоренс Френк, на кого му беше дадено отказ минатиот месец.

0 comments:

Post a Comment