Home » , » НБА РИВАЛСТВО - Бостон Селтикс vs. Лос Анџелес Лејкерс

НБА РИВАЛСТВО - Бостон Селтикс vs. Лос Анџелес Лејкерс

Written By Anonymous on 15.7.13 | 00:04

 ИСТОРИЈАТА ЈА ПИШУВААТ ПОБЕДНИЦИТЕ, А ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД НБА ИСТОРИЈАТА ЈА ИМААТ ИСПИШАНО ТОКМУ ТИМОВИТЕ НА БОСТОН СЕЛТИКС И Л.А. ЛЕЈКЕРС!
“Ги мразам проклетите Селтикси! Мразам се што е зелено! И реков на жена ми да не става ништо зелено во мојот дом! - Џери Вест (1968)
“Тие се Лејкерси, а остантите тимови не се“ - Ред Оербах на прашањето како Лејкерси ги добиваат сите играчи кои ќе ги посакаат (1980)
Се започна во 1959. година кога за прв пат во финалето се сретнаа Селтикси и Лејкерси. Историјата памети многу големи ривалства, но ниту едно не е како ова. Сепак, многу пред овие тимови да играат многубројни дуели, уште по првата средба во финалето американските медиуми средбата помеѓу Лејкерси и Селтикси ја нарекоја ривалство. Ниту други два тимови не одиграле повеќе меѓугсебни дуели во финалето од Лејкерси и Селтикси, кои до ден денес имаат изиграно вкупно 12 меѓусебни финалиња. Измеѓу себе поделија скоро пола од 66те можни НБА ттули, едниот или другиот тим во НБА Финалето настапил 52 пати, во “Куќата на Славните“ вкупно има 70 луѓе кои на било каков начин биле вклучени со работа во овие две организации. Меѓу 50те најдобри играчи на сите времиња Лејкерси и Селтикси имаат дури 23 играчи кои играле во една од овие франшизи, или во двете.

Селтикси го добија првото НБА Финале во таа 1959. година кога ги поразија Микан и Минеаополис Лејкерси. Во 1962. година почнува она вистинското ривалство помеѓу овие два тима, на едната страна Бостон имаше тим составен од многубројни идни членови на Куќата на Славните предводени од Бил Расел, а Лејкерси го имаа тогаш еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Џери Вест чија силуета и ден денес го краси официјалното НБА лого. Исто така Лејкерси го имаа и Елџин Бејлор. До 1969. година Лејкерси имаа загубено 6 пати по ред во НБА Финалето. (од 1959 до 1968 година се сретнаа вкупно 6 пати и 6 пати славеја Селтикси). Во 1698. година Лејкерси преку трејд го придобија Вилт Чемберлејн, кој требаше да им донесе многу титули.

Триото ВЕСТ-БЕЈЛОР-ЧЕМБЕРЛЕЈН требаше конечно да го победи тимот на Селтикси и Расел во финалето. Таа иста година, 1969. година беше и последна за Бил Расел, кој беше стар и претолчен од повреди. Некако успеа да го одведе Бостон до последното место кое водеше во плејофот што значеше дека низ целиот плејоф Бостон ќе биде ослабен од предноста на домашен терен. Тоа беше тешка сезона за Селтикси, Ред Оербах се пензионира, а Расел остана како тренер-играч и единствен играч кој беше член од првата титула на Селтикси во 1957. година. Кога почна плејофот не се поставуваше прашањето дали Лејкерси можат да ги победат Селтикси туку дали Селтикси ќе влеат во финалето. Во првата рунда Никси налетаа на Селтикси.



Некои велат дека Расел бележел по 11 блокади по натпревар во таа серија. Тешко, но сепак Селтикси беа во финалето каде ги чекаа Лејкерси. Првите 6. натпреварите двата тима ги поделија и реултатот беше 3-3. 7. натпревар се играше во Л.А. Се беше спремно за големо славје по натпреварот. Газдата на Лејекрси спреми брошури на кои беше напишан планот на прославата и како Чик Херн ќе направи интервју по натпреварот со Вест, Бејлор и Вилт. А балоните кои беа горе во салата ќе требаа да паднат долу како погреб на Селтикси. Сем Џон зеде дел од брошурата и му го однесе на Расел и тоа ефективно беше крај за Лејкерси. Загубија и 7. пат по ред во финалето од Селтикси. По натпреварот Расел му се обрати на сопственикот на Лејкерси и му рече:

“Знаеш ќе биде интересно да гледам како ги тргате балоните еден по еден од тој дел на врвот од салата. Можеби и ќе останам да гледам.“

Лејкерси на одмазда чекаа полни 15 години. На драфтот од 1979. година, Лејкерси го одбраа чудото од Мичиген Стејт - Ирвин Меџик Џонсон, додека Селтикси го одбраа момчето за кое никој не веруваше дека ќе стане добар играч. За него викаа - Лери се само уште еден белец, кој не може да скока, да трча и да забива. Само заборавија да каже дека Лери не може да биде запрен. За прв пат по долги години во финалето се сретнаа во 1984. година. Лери и Меџик имаа голема омраза меѓу себе во тоа време, но почитувањето кое го имаа помеѓу себе секогаш беше присутно. Лери Брд во деновите од колеџ кога го здогледал Меџик за прв пат на дело рекол:

“Тогаш бевме уште деца, но јас видов нешто посебно во тој човек кој играче неверојатно. Кога преку лето доаѓав дома и му кажував на мојот брат за Меџик дека никогаш не сум видел човек од 2.07 метри кој може така да ја контролира топката, да подаде неверојатно, да може да постигне поен кога и да сака, и притоа да е побрз од било кој плејмејкер на теренот. Брат ми само ќе се насмееше и ќе ми речеше дека лажам. Кога го повикав на ревијалниот ол-стар колеџ натпревар го виде Меџик и по натпреварот ми рече: 'Многу е подобар од тебе брате“.
Таа 1984. година по 8 пат во финалето се сретнаа Лејкерси и Селтикси и по прв пат по 1969. година Америка беше спремна за уште еден спектакл. По поразот во Л.А, Брд не сакаше да се врати во Бостон заедно со уште неколку соиграчи, туку така по шорц и капа од Селтикси отиде до аеродромот и им рече на своите соиграчи да не му се обраќаат дури не заиграат подобро. 7. натпревар повторно беше одлучувачки, а Бостон направи пекол во Гарденот, каде вентилацијата беше расипана и температурата достигна до 40 степени. Сите правеа нешто за да се искористи мааната на Карим, а тоа е дека имаше болест на дишните патишта и не можеше да поднесе толку влажен воздух ниту висока температура. Додека Карим земаше кислород од боца на клупата на Лејкерс, Лери Брд ги одведе Селтикси до 8 победа по ред во финалето над Лејкерси.
Следната година, 1985. година Лејкерси добија и 9 шанса да го победат Бостон во финалето, а Меџик имаше шанса да изрмани некои сметки. Еден од најпознатите потези кои го одбележа тоа НБА Финале беше легендарниот “Junior Sky-Hook“ со кои Меџик му ја запечати судбината на Лери и Бостон. Големиот Меџик му ја донесе првата победа на Лејкерси над Бостон и така се запиша во историјата и тој и неговите соиграчи кои како играчи на Лејкерс за прв пат во финалето ги победија Селтикси. По натпреварот Лери изјави:

“Меџик е одличен, тој е најдбориот на сите времиња кој сум го гледал, едноставно немам што да кажам“

И навистина, Лери немаше ништо да каже. До нова битка помеѓу овие два тима се чекаше до 1987. година и Америка повторно беше поделена на Зелени и Жолти. Повторно Меџик, но овој пат со голема помош од Карим ги однесе Лејкерси до уште една победа над лутите ривали. Меѓутоа една од најинтересните изјави на сите времиња поворно дојде од устата на Лери Брд кој рече кој многу години по тоа финале рече:

“Во текот на таа сезона само еднаш ги добивме Лејкерси на гостински терен. Тоа беше добро. Додека влегувавме во клупскиот автобус го здогледав Меџик како му се приближува на својот скапоцен автомобил, опкружен со новинари, а на лицето имаше кисела насмевка. Тивко се насмеав и си реков: 'Пати мали, пати!“




Единствен кој патеше по крајот на таа сезона беше токму Лери, а Лејкерси поставија некои нови стандарди на победување. До крајот на 80'тите години и едниот и другиот тим полека, но сигурно беа пред пад бидејќи доаѓаше смена на генерациите која не беше наклонета ниту пред двете франшизи. Бостон претрпе голема трагедија со смртта на Лен Бајас, а Лејкерси имаа цела низа на самобендисани ѕвезди кои можеа само да му ја носат торбата на Меџик за време на патувањата.
Во 1996. година Лејкерси преку трејд на драфтот го добиваат момчето по име Коби Бин Брајант, а го доведуваат и Шекил О'Нил и до 2003. година се накитени со уште три прстени. Бостон во тоа време го имаше човекот по име Пол Пирс и една цела група на мали и незрели играчи кои беа неискусни. Беше тивко во тие години, екипите можеа само да ги гледаат натпреварите од 80'тите бидејќи немаше ривалство на почетокот од новиот век. Но, во 2007. година Бостон ги носи Реј Ален и Гарнет, а Лејкерси го доби Гасол и во Финалето од 2008. година повторно се сретнаа овие две екипи. По 6 натпревари Бостон ја запиша и 9 победа во 11 НБА Финале против Лејкерси, а јунак беше Пол Пирс кој сосема случајно како дете ги мразеше Селтикси бидејќи беше роден блиску до Л.А. и навиваше за Лејкерси, но судбината го однесе во Бостон и стана херој на многу фанови.
Како што историјата често ни кажува дека од неа треба да учиме затоа што се повторува, така беше и во 2010. година каде повторно овие два тима се сретнаа. А Коби Брајант доби членска картичка и влезе во елитното друштво на оние играчи кои успеале да ги победат Селтикси во финалето како играчи на Л.А. Скорот во финалето до ден денес остана на 9-3 за Бостон.

По 2010. година можеме да наречеме дека и двата тима влегоја во обнова на тимовите. Можеби ќе помине доста многу време додека повторно не ги гледаме Селтикси и Лејкерси во финалето. Можеби и немора да помине доста време, Лејкерси со сите сили ќе одат на обнова на тимот во 2014. година, а тоа е сосема сигурно. Но, една мисла ми поминува низ глава додека го пишам овој завршеток на текстов, за следниот драфт се вели дека ќе е подобар од оној од 2003 и 1996, а само послаб од оној од 1984, велат дека од него ќе излезат двајца момци по име Ендру Вигинс и Џабари Паркер веројатно првиот и вториот пик. Можеби Вигинс како лидер на Лејкерс и Паркер како лидер на Селтикси би можеле да бидат новите Меџик и Брд, можеби повторо ќе гледаме финален дуел помеѓу овие два тима. Никогаш не се знае.


Историјата ја пишуваат победниците, а Селтикси и Лејкерси напишаа голем дел од славната НБА историја!

Пријателството победи, Лери и Меџик во прегратка



0 comments:

Post a Comment