Home » , » Дали Винс Картер е иден “Hall-of-fame“ играч?

Дали Винс Картер е иден “Hall-of-fame“ играч?

Written By Anonymous on 17.7.13 | 14:28

Често во НБА лигата се поставува прашањето околу тоа кој играчи ќе бидат идни “Хај оф Фејмери“ односно членови на Куќата на Славните во Спрингфилд.

 Се изговараат имиња на великани како Коби Брајант, Стив Неш, Џејсон Кид, Кевин Гарнет, Тим Данкан, Пол Пирс, Реј Ален кои скоро сигурно ќе бидат во нардените години дел од таа куќа на најдобри кошаркари во Америка. Но, има и играчи за кои не се знае сто-процентно дали ќе успеат да стапнат во друштвото на најдобри кошаркари на Америка на сите времиња.

Едно од тие имиња е ВИНС КАРТЕР. Еден од најдобрите забивачи во историјата на НБА лигата, ако не и најдобриот. Со своите забивања, особено тие на “Slam Dunk“ натпреварот постави нови граници во НБА лигата.

Во НБА лигата пристигна како 5. пик на драфтот во 1998. година избран од страна на Торонто Репторс. Уште првата сезона покажа и докажа за каков играч се работи, бележејќи 18.3 поени и 5.7 скока по натпревар притоа освојувајќи ја и наградата за најдобар руки на годината. Беше вклучен и во првиот тим на руките истата сезона.

Веќе во втората сезона ги “крена“ просеците од 18.3 поени на 25.7 поени, притоа бележејќи скоро исто скокови како и минатата сезона - 5.8. За прв пат, таа сезона настапи и на Ол Стар натпреварот запишувајќи се со 12 поени. Истата година (2000) настапи и на натпреварот за забивање, каде презентираше едно од наjспектакуларните забивања во помодерната историја на НБА лигата.

Победи без никакви дилеми победувајќи го во финалето Стив Францис. Картер на тој натпревар во забивање, презентираше неколку одлични забивања, вклучувајќи и забивање низ нозете, што резултираше со сигурна победа.

Следната сезона ја одигра над очекувањта бележејќи 27.6 поени и 5.5 скока по натпревар. Повторно беше избран да игра на Ол Стар натпреварот, а беше и избран во втората најдобра петторка на сезоната.



Следните 4 сезони имаше просеци од 24.7 поени (2001-02), 20.6 поени (2002-03), 22.5 (2003-04), а во својата последна сезона одиграна за Репторси бележеше само 15.1 поени по натпревар. Главно, причина за ова беше и повредата на коленото поради која одигра само 20 натпревари таа сезона.

Видно исфрустриран од управата на Репторс, главно од сопственикот на тимот, Картер побара трејд и управата на Репторс прифати. На 18. декември 2004. година Картер беше трејдуван во тогашни Њу Џерси Нетс, во замена за Алонзо Морнинг, Ерик Вилијамс и Арон Вилијамс како и неколку пикови од драфтот.

Како играч на Нетс бележеше најмногу скокови во кариерата, како и асистенции. Првата сезона ја затвори одлично бележејќи 27.5 поени по натпревар (втор најдобар просек во кариерата) како и 5.9 скокви и 4.7 асистенции. Исто така бележеше најдобар процент на шут за 3 поени - .425. Истата сезона во плејофот Нетси беа “сметени“ од страна на Мајами Хит, а Картер во тие 4 натпревари бележеше 26.8 поени и 8.5 скокови (највисоки за него во плејофот).
Следната сезона Џејсон Кид и Картер, како и Нетси се надеваа на нешто повеќе. Низ сезоната Картер бележеше 24.2 поени со 5.8 скокови. Картер истата сезона повторно настапи на Ол Стар натпреварот. Во плејофот Винс беше страшен, бележејќи 29.6 поени во просек зачинети со  7.0 скокови по натпревар. Во првата рунда Нетси ги исфрлија Пејсерси со вкупен резултат 4-2, а во полуфиналето на Истокот се сретнаа со тимот на Мајами, но Шек и Вејд беа прејаки за Џејсон Кид и Картер. Нетси загубија со 4-1.

Следните две сезони Картер ги одигра без некој голем успех, бележејки во сезоната 2007-08 по 21.3 поени по натпревар со 6.6 скокови и 5.1 асистенции по натпревар. Во сезоната 2008-09 бележеше по 20.8 поени и 5.1 скокови.

Во 2010. година, на денот на драфтот, Винс Картер беше трејдуван во Орландо Меџик, заедно со Рајан Андерсон во замена со Тони Батие, Кортни Ли и Рафаел Алстон.

Формата му падна, годините го направија своето, првата сезона со Орландо бележеше 16.6 поени со 3.9 скокови. Таа сезона го имаше најдобриот шут од линијата за слободни фрлања во својата кариера - .840



По скоро една и пол сезона одиграна во тимот на Орландо Меџик, каде не придонесе многу, во сезоната 2010-11 по 22 натпревари одиграни за Меџик, беше трејдуван во Феникс Санс заедно со Марчин Гортат, Микаел Пиетруш за Хедо Туркоглу, Џејсон Ричардсон и Ерл Кларк. Во Феникс изигра само една полусезона каде бележеше по 13.5 поени. Потоа како слободен играч потпиша 3 -годишен договор со Далас, каде две сезони ги изигра, му останува уште една, оваа што доаѓа.

Во кариерата е на просеци од 20.8 поени, 5.0 скокови, 3.8 асистенции и 1.1 украдена топка. До сега има изиграно 1067 натпревари во НБА лигата. Како што напоменавме горе, има играно за Торонто, Њу Џерси, Орландо, Феникс, и негов последен клуб засега е Далас.

Картер својот 20.000 поен го постигна во 2011 година и стана 37 играч во историјата кој ја поминал оваа граница.

Рекорди:

Плејоф:

- Постигнати најмногу тројки во еден натпревар - 9
- Постигнати најмногу тројки во едно полувреме од плејофот - 8
- Постигнати најмногу тројки по ред во еден натпревар - 8
- Постигнати најмногу тројки по ред во едно полувреме од плејофот - 8

Њу Џерси Нетс:

- Постигнати најмногу тројки во еден натпревар - 9
- Постигнати најмногу поени во една сезона - 2070 (2006-07)
- Најмногу натпревари со +20 поени - 23 (2005-06)
- Првиот играч во историјата на Нетс кој постигнал +2000 поени во една сезона

Лични:

- Поени - 51 (2 пати)
- Погодени шутеви од поле - 20
- Погодени шутеви за три - 9
- Погодени слободни фрлања - 23
- Офанзивни скокови - 8
- Дефанзивни скокови - 13 (2 пати)
- Скокови - 16
- Асистенции - 16
- Украдени топки - 6 (3 пати)
- Блокови - 6
- Одиграни минути - 63

Награди и достигнувања:

- Руки на годината - 1999
- Ол Стар - 2000-07
- Член на втората најдобра петторка на сезоната 2000-01
- Член на третата најдобра петторка на сезоната 1999-00
- Член на првата најдобра руки петторка
- Победник на натпреварот во забивања - 2000
- 2 златни медалји со тимот на САД
Едно од најпознатите забивања на Картер

4 comments:

  1. А дали Ален Ајверсон е hall of famer?

    ReplyDelete
    Replies
    1. мислев на иден..... според мене ако ајверсон не биде хал оф фејмер тогаш за Картер ич да не праиме муабет.

      Delete
    2. Ајверсон според мене е еден од најдобрите играчи што воопшто заиграле во НБА, и се согласувам дека заслужува да стане дел од hall of fame :)

      Delete