Може да ги мразите или да ги сакате, но факт е дека Мајами Хит е моментално најголемата НБА атракција и токму затоа лигата ги праќа на најголемиот пазар во светот – Кина.
Мајами и Л.А.Клиперс ќе одиграат по два предсезонски натпревари во Кина, а исто така и ќе имаат дополнителни маркетинг обврски пред почетокот на сезоната. Според шпекулации најверојатно овие два тима ќе играа меѓу себе на два наврати, и тоа во Пекинг на 11. Октомври и во Шангај на 14. истиот месец.
НБА веќе 5 предсезони по ред (со исклучок на минатата поради лок-аутот) праќа тимови на натпревари во Кина. Оваа година Џејмс, Вејд, Блејк Грифин и Крис Пол ќе се обидат да ја зголемат репутацијата на НБА лигата на кинескиот пазар. Во Европа пак, таа задача ќе ја имаат Далас и Бостон.
0 comments:
Post a Comment