Коби Брајант.Школска кошарка.Тешко е да се напише овој текст во кој ќе бидат барани разлики и сличности во кариерата на овој играч.Тешко е затоа што Коби е нешто специфично.Играч кој е најдобар во последното десетолетие.Пред 16 години (потпочно на 12 јули 1966 година) се случи нешто што засекогаш ќе се памти и нешто што до крајот на животот ќе биде запамтено во меморијата на Коби Брајант.
Екипа околу која се вртат многу работи во кошарката.Се работи за ЛА Лејкерс, екипа за која живее Џек Николсон.Ако се вратиме во минатото, сигурно гледавте како Владе Дивац изгледаше кога дојде во Лејкерси.На првиот тренинг Меџик му ја додал топката, а Џабар го турнал толку силно што паднал на паркетот.Потоа Меџик зборуваше колку лош соиграч добиле Лејкерси.Но од ден во ден Владе се подобрувал се повеќе и повеќе.Дивац е важен затоа што е разменет со Брајант.Навистина разочарувачки и изненадувачки момент за Дивац.
Тогашните Шарлот Хорнетси го имаа 13 пик на драфтот.Се одлучија за Брајант.Коби имаше цел да биде најдобар играч на лигата.Сакаше да игра за Лејкерси или Никси.Му се исполни желбата.Тогаш Лејкерси го доведуваат најдоминантниот центар во последните 15 години Шек О’Нил.И бајката започнува.Фишер, Хори, Фокс и после Харпер заедно со Шек и Коби доаѓаат до 3 титули во 3 сезони.На паркетот доминираат Коби и популарниот Шек.Незапирливи се.Шек према Коби се однесува како кон помал брат.А потоа….
Се случуваат лоши работи помеѓу овие два врхунски играчи.Двајцата сакаат да бидат во центарот на вниманието.Еднаш беа најдобри другари.Браќа.Сојузници.Шек си оди од Лејкерси, а Коби станува главен играч на тимот.И потоа продолжуваат проблемите за Лејкерси.Коби не може сам до титулата.Шек го извисува по медиумите, но Коби е убеден дека може сам до титулата.
Се уверува дека може до титулата со двете титули по ред за најдобар стрелец на лигата, но во плејофот не може сам.Фишер си оди.Си оди и Фил Џексон.Не може од Квејм Браун и од Смиш Паркер да очекува голема помош.Поразен е од Спарси предводени од Данкан, Паркер и Џинобили.Исто така тука е и Неш.Но на 1 фебруари 2008 година почнува новата ера за тимот.
Пау Гасол пристигнува во Лос Анџелес, а Коби по долго време игра со играч кој е во негов ранг.Конечно Лејкерси се фаворити за титулата.Влегуваат во финале, но се распарчени од Селтикси.Гарнет го “јаде“ Гасол, Пирс и Ален играат одлучно на теренот.Лејкерси се враќаат повеќе мотивирани следната година.Играат против Орландо во финалето.Од таа финална серија се памти сјајниот поен на Фишер за продолжение во Орландо кој беше клучен за титулата.Коби станува МВП на финалето.
Во сезоната 2009/10 Коби повторно станува првак.Во финелето повторно се среќава со Бостон.Многу напорна серија.Да не се повредеше Перкинс кој знае што ќе беше.Гасол го враќа ударот на Гарнет, Фил е повторно на врвот.Во 7 натпревар Лејкерси губеа во поголемиот дел но на крајот победија и ја освоиа титулата.Коби повторно МВП.Во последните 2 сезони Лејкерси два пати испаѓаат во полуфиналето на Запдот.Прв пат пореметени од Далас со 4-0, а друг пат од Оклахома со 4-1.
Оваа пред сезона Лејкерси го доведуваат Неш од Санси, со цел уште еднаш да дојдат до титулата.Стив Неш е играч кој нема титула во кариерата.Ова му е последна шанса да ја освои.А Коби никогаш нема соиграч како Стив Неш.Мотивиран играч за победа.Човекот кој никогаш не им преговара на соиграчите.
Мајкл Џордан е синоним за кошарката.Никогаш нема да се роди таков играч.Таква атлетика, решителност, сигурност и карактер.Коби е само негова копија.По крајот на неговата брилиантна кариера ќе можеме да ги споредиме.Иако има 33 години, тој е мотивиран како никогаш до сега.Го сака 6тиот прстен.Коби Брајант.Црната Мамба.
Home »
Видео
,
Коби Брајант
,
Колумни
,
Мајкл Џордан
,
Насловна
,
Статии
» Ново време: Коби Брајант или Мајкл Џордан ?
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment