Кошаркарот на ЛА Лејкерс и репреентативецот на САД Коби Брајант упати жестока критика кон првиот човек на НБА лигата Дејвид Штер, кој предложи во иднина на ОИ да играат само играчи под 20 години.
Брајант таа идеја ја нарече глупава, и додаде дека важноста на играта веднаш се смалува.
„Тоа е глупава идеја ! Олимписките Игри се единствениот турнир во светот каде играат најдобрите против најдобрите.Доколку ја прифатиме таа реформа би се смалила важноста на играта“– рече легендарниот кошаркар Брајант.
„Никој од НБА лигата не разговараше со играчите, но затоа ние меѓусебно разговаравме и се сложивме сите дека тоа е глупава идеја.“
Дејвид Штерн со таквото мислење на Брајант сакаше да ги спречи евентуалните повреди на најдобрите играчи, ондосно да ги заштити.
“Тоа не е ништо друго туку обид да се заштитите“– заклучи Брајант.
0 comments:
Post a Comment