Home » » Нагетс го амнестираат Крис Андерсен; Клиперси Гомез

Нагетс го амнестираат Крис Андерсен; Клиперси Гомез

Written By Scyx on 18.7.12 | 22:34

Денвер Нагетс запишаа на документи дека Крис Андерсен или таканаречениот “Birdman” е амнестиран, известуваат од Денвер. Клиперс пак, исто така одлучија да го амнестираат Рајан Гомеш, според “Los Angeles Times”.

И во двата случаи станува збор за зголемување на буџетот за други играчи.

Во случајот на Нагетс, причина е Ентони Рендолф. Имаа средба со него на која дискутираа, но за овој трансфер да биде возможен потребно беше да се ослободи некој играч. Со амнестирањето на Андерсен, Денвер заштедуваат 9.3 милиони долари.

Клиперс пак, со ослободувањето на Гомеш доаѓаат до заштеда од 4 милиони долари, дозволувајќи им да му понудат 2 годишен договор на Грент Хил.

Во двата случаи, се работи за двајца ветерани со големо НБА искуство, кои влегуваат од клупа и сеуште даваат голем придонес.

Тимовите со понизок буџет можат да испратат понуда до Гомеш или Андерсен, но треба да побрзаат бидејќи имаат само 48 часа на располагање.

0 comments:

Post a Comment