Home » » Вашингтон го амнестираше Блеч

Вашингтон го амнестираше Блеч

Written By Anonymous on 19.7.12 | 17:13


Вашингтон се одлучи да го амнестира Андреа Блеч, кој требаше да добие 23 милиони долари за наредните 3 сезони. 


„Соработката меѓу нас како тим и Андреа не се одвиваше онака како што се надеваа и посакуваа двете страни па затоа најдобро решение е тој да го напушти тимот од главниот град.Не успеав многу добро да го запознаам како личност , но од она што го знам можам да кажам дека многу ми се допаѓа и му посакувам се најдобро, но факт е дека нему му треба свеж почеток на друго место, а ние како организација мора да продолжимо напред со групата на играчи која ја имаме” - изјави сопственикот на Визардси, Тед Леонис. 

Визардси го амнестираа Блаче буквално во последната минута од рокот во кој е тоа дозволено.

Сега тимовите кои се наоѓаат под селери капот,ќе можат да наддават за него и тимот с највисока понуда ќе го доведе во свиоте редови. Интересно е дали воопшто ќе има заинтересирани.

Овој потег на управата на Визардси не е само за парите., туку и за карактерот и односот на Блаче во соблекувалната и кон играта. Блаче е талентиран играч кој игра на позиција 4, но никогаш не ја сфаќал играта сериозно. Покажува неконстантни игри, но се наоѓа во добри години и со нов почеток во нов тим можеби ќе ја подобри својата игра. Минатата година поради повреда пропушти поголем дел од сезоната.

Визадси досега се откажаа од услигите на Блаче, МекГи и Ник Јанг, а ги доведоа Нене, Емека Окафор и Тревор Ариза. Од стручниот штаб на тимот веруваат дека отокму овие трансфери ќе можат да му помогнат на Џон Вол. Останува да видиме колку далеку ќе догураат, и дали ќе успеат да влезат во плеј-офот на истокот
.

0 comments:

Post a Comment