Home » » Грузиец пред потпис со Бруклин Нетс

Грузиец пред потпис со Бруклин Нетс

Written By Anonymous on 19.7.12 | 17:06


Грузиското крило, Торнике Шенгаила е близу до договор со тимот на Бруклин Нетс. 

206-сантиметри високиот млад играч е забележан за време на летната лига во Орландо, каде што за 5 натпревари запиша средни перформанси од 10.2 поени, 3.6 скока и 1.0 украдена топка.

20-годишниот Шенгаила  беше избран од Филаделфија со 54. избор во овогодинешниот НБА Драфт, но беше испратен во Бруклин веднаш потоа. Според зборовите на генералниот менаџер на Нетс Били Кинг, тимот требаше да остави играчот барем уште една година во Европа, но очигледно тоа нема да се случи.

За да може крилото да заигра во НБА, Нетс ќе треба да платат на досегашниот негов тим - белгискиот  Шенгаила 300 000 долари за одрекување од договорот. Правилата на НБА овозможуваат на тимовите да плаќаат најмногу до 550 000 долари како сума за одрекување на договор на кошаркар.

Најверојатно играчот ќе потпише со Нетс за 2 години.

0 comments:

Post a Comment