Home » » Ражон Рондо: “Мислам дека сум најдобар плејмејкер во лигата“ !

Ражон Рондо: “Мислам дека сум најдобар плејмејкер во лигата“ !

Written By Anonymous on 19.7.12 | 13:56




Рондо никогаш не бил краток со самодоверба. Со нестабилен скок-шут да, но со самодоверба не. 

Рондо е во Франција и не поради Тур Де Франс, туку за Светскиот Кошаркарски фестивал на Најк. 

Запрашан што ќе биде потребно од него за да стане најдобар плејмејкер во лигата тој одговори ?

“Како што кажав предходно, се развив како личност исто така ја развив и мојата игра. Мислам дека сум еден од најдобрите плејмејкери во лигата. Мислам дека сум најдобриот.“

Тој е во најдобрите,.Тој е во класата на Дерон Вилиамс и Крис Пол.Сепак тешко е да се спореди неговата игра и играта на Дерик Роуз и Расел Вестбрук.

Рондо одговори и на неколку други прашања.

Дали би останал во Селтиски цела кариера ?

“Се надевам. Но не зависи од мене. Што и да се случи ќе се случи.“

Дали е лидер во играта на тимот ?

“Мислам дека сум, мојата позиција налага да бидам лидер.Работиме со Док (Риверс) веќе 6 години заедно и знам што сака кога го сака тоа. До мене е да ја пренесам таа порака на теренот. Док има целосна доверба во мене понекогаш знам што сака без да ми каже.“

Запрашан за тоа дали Док да му дозволува тој да зборува за време на тајмаутот одговара :

“Последните 2 години добив многу доверба. Јас созреав и ја развив својата игра, сега соиграчите ме слушаат и тоа ми помага.“

0 comments:

Post a Comment