Брајант има баш радикален став кога е во прашање границата помеѓу успехот и неуспехот во натпреварите.
Коби е јасен, ништо освен златото не ги интересира американците.И тоа, но и победа со стил.
“Нема никакви изговори и алибија, златото мора да е наше.Треба да ни се одземе државјанството ако не бидеме први во Лондон.“ - вели ѕвездата на Лејкерси.
Ова се негови последни натпревари.Американците ги победија Доминиканците, Бразилците и Британците, но не сјаеја.
Сепак тренерот Крижевски вели дека се ќе биде во ред по почетокот на ОИ.
Дрим Тимот стигна во Европа, вечерва одигра со Британија (победи), а после овој натпревар ќе изиграат и со Шпанија и Аргентина.
Повеќе од медиумите во Велика Британија го прашуваа Коби што мисли за изостувањето на Бекам од ОИ репрезентацијата.
“Како голем љубител на фудбалот, мислам дека сите губиме, тој е голем играч и заслужува место во тимот.Може да биде многу корисен.“ - вели Брајант еден од ретките американски кошаркари кој се разбира во фудбал бидејќи порасна во Европа...
0 comments:
Post a Comment