Комплетната генерација од 2003 година од следната сезона би можела да игра во Мајами.Овој клуб го сака Дарко Миличич во својот тим поради недостатокот на центар.
Дарко Миличич на драфтот во 2003 година беше 2 пик веднаш зад ЛеБрон Џејмс.По 10 години покасно, овие двајца би можеле да се соединат во ист тим, и тоа не само овие двајца туки и четвртиот пик Двејн Вејд и петтиот пик Крис Бош.
Како стојат работите, Мајами Хит ја предводи групата на тимови кој би сакале да го видат Србинот во своите редови.Покрај Мајами заинтересирани се и Клиперси, Нетси, Булси, а постојат гласини дека и Селтикси се во оваа трка.
Агентот на Дарко вели дека него само го интересираат шампионите.
“Секако кога си на радарот на шампионите, сакаш да играш за нив.Тоа е одлично.Сепак објавени се само првите разговори.“
На Дарко нема да го интересираат парите.Веќе е исплатен комплетниот договор и се што ќе добие, така да нема да бидат парите проблем.
Миличич е драфтуван од страна на Детроит со кој освои и прстен во 2004 година, но со минимална минутажа.Подоцна промени неколку клубови, а ова лето беше отпуштен од Минесота која одлучи да му ја исплати сумата и да го пушти да оди каде сака.
0 comments:
Post a Comment