Home » , » Рони Туриаф и Клиперс се согласуваат на договор

Рони Туриаф и Клиперс се согласуваат на договор

Written By Dragan on 26.7.12 | 10:42

Лос Анџелес Клиперс и слободниот играч Рони Туриаф се согласиле на едногодишен договор со минимална заработка, од околку 1.5 милиони долари за една година.

Би се вклопил како замена за високите играчи на Клиперс, како центар или крилен центар. Со овој потпишан договор, Туриаф станува петтиот висок играч на ростерот на Клиперс, по стартерите Блејк Грифин и ДеАндре Џордан, како и играчите од клупа Ламар Одом и Рајан Холинс.

Неговата кариера, французинот Туриаф ја започна со Лејкерс, каде што ги одигра првите 3 сезони. Потоа потпиша со Вашингтон Визардс како слободен агент, а оваа пролет потпиша и со шампионот Мајами Хит.
Одигра 12 плеј - оф натпревар за Мајами Хит, 7 од нив како стартер. Играше минимална минутажа од 10 минути по натпревар и постигнуваше скормни просеци од 1.9 поени и 2.6 скока.

0 comments:

Post a Comment