Како и скоро секогаш, првиот термин во недела за еден НБА натпревар е закажан за домашен натпревар на Њу Јорк Никс, во Медисон Сквер Гарден. Овојпат им гостуваат гостите од Индијанополис, Индијана Пејсерс. По најдобриот старт во историјата на тимот и воопшто во тековната НБА сезона како тим, Никси конечно беа поразени од страна на Мемфис Гризлис, во последниот натпревар од турнејата со гостински натпревари во западната конференција. Кармело Ентони пофтрли на последните 2 натпревари, но тука беа Рејмонд Фелтон, Џејсон Кид и Џ.Р. Смит, кои успеаја да им обезбедат на Никси победа само на натпреварот против Никс, додека беа немоќни против одбраната на Гризлис. Шутот за 3 поени на Никси "олади" за разлика од првите неколку натпревари од сезоната, но сепак друите категории од играта беа на високо ниво, што повторно се претвораше во победа за Никс. Денеска тие ќе се сретнат со дефанзивно насочен тим како Индијана Пејсерс, што може да им направи многу проблеми на шутерите на Њу Јорк. Пол Џорџ и Џорџ Хил се солидни дефанзивци на страната на Пејсерс, но и внатрешната одбрана на Индијана е исто така застарашувачка на чело со Рој Хиберт, но сепак според статистиките и очекувањата, одбраната на Пејсерс потфрла во раниот дел од сезоната. Дени Грејнџер и недостатокот на офанзива за Пејсерс, па тука лежи и главниот проблем во недостатокот на поени за Индијана. Индијана моментално имаат рекорд од 4-6 и една победа позади себе, додека Никси ќе пробаат да се вратат на победничките патеки, откако по 6 последователни победи забележаа пораз на минатиот натпревар.
Очекуваме интересен натпревар, кој ќе имаме можност да го проследиме директно на програмата на Спорт Клуб+.
0 comments:
Post a Comment