Home » , » Бостон гостува кај Милвоки, Портланд бара победа дома против Спарс

Бостон гостува кај Милвоки, Портланд бара победа дома против Спарс

Written By Unknown on 10.11.12 | 20:32

Саботна ноќна треска. Во срцето на викендот ќе имаме можност да проследиме уште НБА ноќ полна со 9 натпревари на програмата. Да погледнеме што ќе се случува вечерва.


Бостон Селтикс 02:30 Милвоки Бакс
Иако сезоната е во тек само една недела, Бостон Селтикс и Милвоки Бакс за втор пат оваа сезона ќе си ги одмерат силите, овојпат во Бредли центарот во Милвоки.
И двата тима играа и синоќа, па ова ќе биде втор натпревар во два дена и за двата тима. Бостон Селтикс беа изненадливо поразени од Филаделфија СевентиСиксерс на домашен терен, иако во Бостон се играше близок натпревар. По тој пораз, Бостон падна на рекорд од 2-3 и сега се наоѓа на 9. место во источната конференција. 
И додека Бостон ќе проба да се врати од пораз, Милвоки ја бара својата четврта победа оваа сезона, со што ќе се надоврзе на победата над Вашингтон Визардс синоќа. Овој тим на Бакс игра навистина импресивна кошарка оваа сезона и имаат само еден пораз во 4 натпревари во оваа млада сезона. Да се надеваме дека тимот ќе се задржи на победничките патишта и дека тимската хемија конечно ќе преовладее во Милвоки. Бековското дуо Елис - Џенингс покажува дека може да опстане и дека згора на тоа може да го одведе овој тим на Бакс во плејофот.


Сан Антонио Спарс 04:00 Портланд Треил Блејзерс
 Иако ова не е дуел на два елитни тима во западот, сепак се очекува многу интересна пресметка во Роуз Гарден, Портланд.
Портланд ТреилБлејзерс имаат низа од два последователни порази позади себе и ќе ја гледаат оваа можност на домашен терен да ја скратат таа губитничка низа. Дејмиан Лилард, ЛаМаркус Олдриџ и Николас Батум играат одлична кошарка, но проблемот е што останатите играчи на Портланд не консолидираат доволно за овој тим да победува. Блејзерс покажаа знаци на почетокот на сезоната дека можат да бидат тим кој ќе биде во сериозна потрага по плејоф место, но тимот сеуште треба да ја развива тимската хемија и да ги пополни дупките во играта.
Сан Антонио Спарс пак, излегуваат од победа на гости кај Сакраменто Кингс, откако претходно за прв пат во сезоната изгубија против ЛА Клиперс. Рекордот од 5-1 за сега е најдобар на западот, а доколку тимот на Грег Попович продолжи вака да доминира, не му бега уште едно лидерско место во западната конференција како лани. Ветераните играат на високо ниво, а длабочината на тимот на Спарси е голем дел од нивната игра. Грег Попович има барем по 2 солидни избори на секоја можна позиција во тимот и згора на тоа сите играчи во тимот се задоволни од тоа како Поп ја пополнува ротацијата.
Очекуваме интересен натпревар, особено затоа што Портланд Треил Блејзерс ќе пробуваат да се вратат на победничките патеки против елитен тим како Сан Антонио.

Останатите натпревари:

Филаделфија СевентиСиксерс 01:00 Торонто Репторс
Вашингтон Визардс 01:00 Индијана Пејсерс
Далас Маверикс 01:30 Шарлот Бобкетс
Минесота Тимберволвс 02:00 Чикаго Булс
Детроит Пистонс 02:00 Хјустон Рокетс
Феникс Санс 03:00 Јута Џез
Денвер Нагетс 04:30 Голден Стејт Вориорс

0 comments:

Post a Comment