Home » , , » ЛеБрон Џејмс се "врати" во деновите со Кливленд

ЛеБрон Џејмс се "врати" во деновите со Кливленд

Written By Unknown on 31.5.13 | 18:42

ЛеБрон Џејмс беше спектакуларен во текот на третата четвртина од петтиот натпревар против Индијана во конференциските финалиња. "Кралот" буквално го превзеде натпреварот во свои раце, всушност затоа што немаше друг избор. 

Во текот на првото полувреме, одбраната на Индијана ги запре скоро сите играчи на Хит, додека Џејмс често ги пропуштате своите отворени шанси се со цел да ги разигра своите соиграчи. Тоа уште еднаш проработи. Беше Џејмс против останатиот свет. ЛеБрон уште еднаш го превзеде натпреварот во свои раце на начин на кој што неможе баш секој. 

Одличната игра на ЛеБрон во третата четвртина потсетуваше на неговите денови во Кливленд, кога околу него имаше многу помалку талент отколку во Мајами. А не беше ниту уплашен тоа јавно да го каже. 

“Да, за момент како да се вратив во моите денови со Кливленд и си реков себеси 'еј дај да направам нешто повеќе за себеси и да се обидам да постигнам повеќе поени од вообичаеното.' Си реков дека можеби останатите момци ќе ме следат и ќе им бидам како мотивација. Пробав да бидам вистински лидер.“ - изјави ЛеБрон Џејмс.
“Бев во напаѓачки мод во третата четвртина, го барав мојот шут, мојата шанса. За среќа, успеав да погодам и многу тешки шутеви.“ - додаде Џејмс.
Сега ќе има многу извртувања на оваа изјава. Некои веднаш ќе кажат дека ЛеБрон со ова сакал да ги спореди Крис Бош и Двејн Вејд со Зајдринас Илгаускас и Лери Хјус и дека би се вратил во Кливленд по 2014 година.

Но да се фокусираме на реалноста. Мајами не доби ништо од Двејн Вејд во 5. натпревар, но тоа не беше поради недостаток на талент или многу притисок над него. И двајцата се мачат со повреди. Вејд ја изгуби целата брзина и скок поради проблемите со коленото, додека Бош се мачи со повредата на глуждот, што го ограничува на многу начини.

Добрите вести за Хит се тоа што ЛеБрон е способен да се врати назад низ времето и искуството каде што знаеше што значи да го носиш тимот на својот грб и да победуваш на високо ниво. Ова што го направи денеска, ќе мора да го направи уште барем еднаш во сериите за да го врати својот тим во финалето.

0 comments:

Post a Comment