Home » » Двајт Хауард наводно се согласил на договор со Лејкерс

Двајт Хауард наводно се согласил на договор со Лејкерс

Written By Anonymous on 19.7.12 | 16:44




Иако се шпекулира дека Двајт Хауард се одлучил да потпише со Лејкерси наредната година повеќегодишен договор, доколку биде трампан тамо ова лето, сепак тоа не ја олеснува работата околу неговото доаѓање. Најголем проблем за управата на Лејкерси беше можноста да го доведат Хауард преку трампа летово а тој наредното лето да не го продолжи договор и да замине како слободен играч во енкој друг тим. 


Сега, кога наводно имаат гаранција од Хауард дека ќе го продолжи договор со Лејкерси, се очекува Езерџиите да ги интензивираат преговорите со Орландо и да стават крај на сагата околу иднината на Хауард. 
Најновите информации велад дека Хауард е сконцентриран кон забрзување на преговорите и негово претставување како Езерџија.

Но, сепак не е се така едноставно. Проблемот е да се натера Бајнам да потпише долгогодишен договор со тимот на Орландо, затоа што тој е слободен играч наредната сезона. Затоа се бара некој трет тим кој би ја олеснил целата работа. А тој трет тим се шпекулира дека е Кливленд (или евентуално Хјустон) затоа што Бајнам наводно би се согласил на договор со Кавалирси затоа што го имаат Кајри Ирвинг.Со овој трејд, Андеерсон Варежао и идни пикови би заминале во тимот на Орландо. Сепак и овој трејд е доста сложен и бара доста работа.

Доколку Лејкерси не го доведат Хауард ќе се насочат кон продолжување на договорт со Бајнам со кого исто така би имале и тоа како солиден тим. Иако Орландо сака да го трејдува Хауард сепак не се брзаат од управата. Што повеќе се одложува целата трампа толку покомплицирана станува, затоа од најдобар интерес за сите е целата оваа работа што побргу да заврши. 

0 comments:

Post a Comment