Откако се повреди на тренинг за репрезентацијата на САД, Блејк Грифин мораше да го напушти тимот кој беше спремен за на ОИ во Лондон ова лето и веднаш потоа беше принуден да изврши операција на лигаментите на коленото.
Заборавајќи на Лондон, Блејк Грифин е сега сконцентриран на подготовките за натпреварите во Кина.
Лос Анџелес Клиперс ќе бидат во Кина на неколку пред сезонски натпревари против Мајами Хит, и Грифин сака да биде подготвен откако минатата недела го повреди коленото за време на подготовките за Олимписките игри во Вегас.
Грифин беше опериран во понеделникот. Др. Нил од Керлан - Џоб клиниката ја изврши операцијата, според Клиперс. Се очекува да се врати пред почетокот на новата сезона. Тој можеби ќе се поврати полека до почетокот на сезоната, но неможеме да бидеме сигурни дека ќе присуствува на шоуто за кинеските обожаватели на момците од НБА лигата. Како и да е, Грифин нема да присуствува на Олимписките игри ова лето. Како негова замена во составот беше додаден Ентони Дејвис.
0 comments:
Post a Comment