Крилниот центар Крис Хамфрис се договори со Бруклин Нетс за потпишување на нов 2 – годишен договор, вреден 24 милиони долари.
Крис играше една година со Нетс и постигна договор од 8 милиони долари минатата сезона. 27 – годишниот Хамфрис во кариерата има 13,8 поени и 11 скока по натпревар.
Хамфрис беше драфтуван во 2004 година од страна на Јута Џез во 14. пик. Во тимот на Џез постигнуваше по 6,7 поени и 5,5 скокови по натпревар.
Се шпекулираше дека Хамфрис е дел од компликуваниот трејд што го повразуваше Двајт Хауард во Нетс. Неговото враќање е големо засилување за Бруклин Нетс, засулување кое исто така ги вклучува и Дерон Вилијамс и Брук Лопез кои ги продолжија договорите со Нетс, и двајцата нови играчи Џо Џонсон и Џералд Валас.
0 comments:
Post a Comment