Сезоната 2012 беше сезона за паметење.Исто така и драфтот.Од 1 Јули почна слободната агенција која стана најследеното нешто.
Покрај слободната агенција не треба да заборавиме на играчите кој оваа измината сезона се подобрија во статистичките категории и во својата игра помогнувајќи им на своите тимови.
Денес ќе ви ги претставиме “најдобрите“ играчи кој ќе доминираат во свледната сезона според нас.
Ќе почнеме од позади.
10.Ендру Бајнам - ЛА Лејкерс
Позиција : С
Години : 24
Искуство : 7 години
Ендру Бајнам почна со 6,4 поени и 2.4 изминатата сезона.Но се подобруваше апсолутно во се, поени, скокови, блокови....Во плејофот изедначи и рекорд од 10 блокови по натпревар.
Во 2013 предвидуваме дека Бајнам ќе биде поагресивен и како поентер и како скокач.Тоа ќе го направи еден од најдобрите дефанзивци во сезоната, а можеби и ќе успее да формира незапирливо дуо со Коби Брајант нешто слично како Коби и Шек.
Статистички Предвидувања :
19.6 PPG, 12.3 RPG, 1.7 APG, 2.3 BPG, 58.1 FG%
9.Кевин Лав - Минесота Тимберволвс
Позиција : PF
Години : 23
Искуство : 4 години
Лав изминатата сезона изигра одлично, беше во најдобрите скокачи, забележа најмногу дабл-дабл учиноци.Сега му фали само уште едно нешто.Подобрување на блок играта.
Тој веќе почна да вежба на тоа, заедно со својот соиграч Никола Пекович и веќе имаше подобрување на тренинзите.
Статистички Предвидувања :
26.7 PPG, 13.4 RPG, 2.1 APG, 1.2 SPG, 1.1 BPG
8.Крис Пол - ЛА Клиперс
Позиција : PG
Години : 27
Искуство : 7 години
Крис Пол е веќе подолго време во друштвото на најдобрите плејмејкери во лигата.Неговата вештина за додавање и за поентирање го прави еден од најдобрите, а се надева и самиот тој дека така ќе биде и во новата сезона.
Крис Пол го намали просекот на асистенциите од доаѓањето од Њу Орлеанс Хорнетс.Асистенциите во двоен број му беа карактеристика, но некако се загуби и не реализираше асистенции бидејќи има млади неискусни соиграчи.
Статистички Предвидувања :
17.6 PPG, 10.1 APG, 3.7 RPG, 2.6 SPG, 38.4 3PT%
7.Кармело Ентони - Њу Јорк Никс
Позиција : SF
Години : 28
Искуство : 9 години
Во завршините 2 месеци од сезоната како да го видовме тој стариот Мело, ги крена броевите на
поени, скокови и асистенции.Го однесе тимот до плејоф, но не можеше против Мајами.Во
следната сезона се очекува биде уште подобар.
Притисикот сега оди на него, тој во лигата е уште од 2003 година но сеуште нема титула.ЛеБрон и Вејд веќе го освоија првиот односно вториот, но Мело сега доаѓа на сцена.
Следната сезона според предвидувањата ќе му биде најдобра во кариерата.
Статистички Предвидувања :
27.4 PPG, 7.1 RPG, 4.2 APG, 1.3 SPG, 45.6 FG%
6.Коби Брајант - ЛА Лејкерс
Позиција : SG
Години : 33
Искуство : 16 години
Коби и натаму е во најдобрите од лигата.Иако има 33 години покажа зошто е вистинска легенда на Лејкерси и легенда на кошарката.Оваа сезона ќе беше подобар ако не имаше мали проблеми со
повредата.
Следната сезона ќе биде повторно успешна за Брајант, но и за Лејкерси.Коби ќе биде во трка за МВП според предвидувањата и во трка за најдобар стрелец.
Статистички Предвидувања :
29.1 PPG, 5.1 RPG, 4.3 APG, 1.4 SPG, 45.8 FG%
5.Двејн Вејд - Мајами Хит
Позиција : SG
Години : 30
Искуство : 9 години
ЛеБрон Џејмс освои титула, критиките беа симнати од грбот, а Мајами најави дека ја почнува својата ера.
Но има тука еден проблем - Двејн Вејд.Играше слабо оваа сезона, во плејофот.Не му помогна на тимот баш онака како што знае.
Следната сезона конечно ќе биде подобар и ќе го покаже оној вистинскиот Вејд кој газеше се пред себе во 2006 година.
Статистички Предвидувања :
23.1 PPG, 5.2 APG, 5.1 RPG, 2.0 SPG, 1.4 BPG
4.Двајт Хауард - Орландо Меџик
Позиција : С
Години : 26
Искуство : 8 години
Оваа година Хауард беше повеќе зафатен со неговиот трејд, отколку со играњето.Немаше играч на МВП - калибар кај него, ја изгуби титулата за Дефанзивец на Годината.Се на се слаба сезона за него.На крајот се повреди, остуствува од ОИ, сака трејд во Нетс.
Со тоа може да се опише Хауард оваа сезона.Изгледа дека не е среќен во Орландо.
Во 2013 предвидувањата велат дека Хауард конечно ќе биде МВП на сезоната.
Статистички Предвидувања :
20.1 PPG, 14.3 RPG, 2.3 APG, 2.6 BPG, 1.4 SPG
3.Ражон Рондо - Бостон Селтикс
Позиција : PG
Години : 26
Иксуство : 6 години
Рондо зазеде големо место во добар стабилен играч измината сезона.Во плејофот имаше маестрални бројки од 17.3 поени и 11.9 асистении.Тие 17.3 поени му беа најголеми во плејоф - кариерата.
Најголема маана му е тоа популарното : Рондо не може да шутира.Тоа му е најголемиот проблем.Но со големите вежби конечно тој го поправа својот шут и станува еден од најдобрите плејмејкери во НБА, ако не и најдобар.
Фановите на Селтикси предвидуваат дека Рондо конечно ќе биде “најдобар“ и ќе ја однесе дома својата прва МВП титула.
Статистички Предвидувања :
16.3 PPG, 12.1 APG, 5.4 RPG, 2.3 SPG, 3.3 TOPG
2.Кевин Дурант - Оклахома Сити Тандер
Позиција : SF
Години : 23
Искуство : 5 години
Дурант е 3 пати по ред шампион на постигнувањето поени.Тој е исто така играч кој има најголем успех за 5 години во својата кариера.
Главна мотивација му е поразот во финалето.Сака да се врати појак и да го покаже својот играч во себе.
Петторката Вестбрук - Харден - Дурант - Џонс - Ибака може да биде добитна следната сезона.
Статистички Предвидувања :
29.4 PPG, 8.6 RPG, 4.1 APG, 1.7 SPG, 1.2 BPG
1.ЛеБрон Џејмс
Позиција : SF
Години : 27
Искуство : 9 години
Овде нема што да се кажува.Едноставно тој останува “најдобар“ на врвот на листата.
Статистички Предвидувања :
28.3 PPG, 8.1 RPG, 6.6 APG, 1.7 SPG, 1.0 BPG
0 comments:
Post a Comment