Нема потреба за дополнителни коментари, изјави и шпекулации. Со Дерон Вилијамс е завршено. И самиот Д-Вил изјави на својот Твитер профил дека ќе потпише нов договор со Бруклин Нетс и дека ќе им помогне на тимот од Бруклин да градат околу него. Во Нетс веќе немаат страв за тоа дали Вилијамс ќе отиде во Далас, Лејкерс, Санс или на друго место. Сега сите се сигурни за светлата иднина во Бруклин и новата "Barclays" арена.
Но и ова не е лесна одлука за Дерон. И тој требаше да откаже на шансата да заигра со Дирк Новицки во Далас Маверикс и да прима можеби поголема плата од Марк Кјубан.
Но сепак, Нетси се тим кој допрва ќе се гради и ќе учат од иднината. Можеби нема да игра со толку голем победник и поентер како Дирк, но ќе игра покрај две лути за победи крила - Џо Џонсон и Џералд Валас, со можеби ново-потпишаните Крис Хамфрис и Брук Лопез, а да не зборуваме за шпекулациите кои можеби ќе го донесат Ерсан Илијасова, а дополнителна поддршка на нападот ќе им даде и играчот кој беше донесен од Европа - бек/шутерот Мирза Телетовиќ.
Имаат и млади сили како МарШон Брукс, но останува да видиме дали ќе можат да го задржат Брукс или ќе го трејдуваат за некој поквалитетен ветеран.
Има уште многу парчиња од сложувалката да се состават во Бруклин, но сепак мислам дека ќе можат да им се спротивстават на останатите тимови кои се засилија, и тимовите кои веќе се претендери за титулата. Мајами и Чикаго би биле потешки предизвици, но со текот на годините можеби ќе се создаде тим за да им се спротивстави и на Хит и Булс.
Што мислите вие, ќе можат ли Д-Вил и Џо Џонсон да донесат нова кошаркарска ера во Бруклин ?
0 comments:
Post a Comment