Home » , » Мајкл Џордан

Мајкл Џордан

Written By Unknown on 19.7.12 | 12:46

michael-jordan-first-trophy

Мајкл Џордан е роден на 17. февруари 1963 година во Бруклин, Њу Јорк.  Веднаш по неговото раѓање неговите родители се преселиле во Вилмингтон, Северна Каролина, надалеку од малото село Валац, каде таткото на Мајкл, Џејмс Џордан пораснал.

Во Вилмингтон Џејмс прво работел како возач во Џенерал Електро, потоа како диспечер, а пред пензионирањето бил и супервизор. Мајката Долорис работела во банка. Мајкл беше 4 дете во 7 ченото семејство. Неговото семејство живеело сосема нормален живот.

Најголемата љубов на Мајкл бил спортот, сакал и бејзбол и кошарка. Неговиот детски бејзбол тим бил многу успешен.

 
“Мојот најдраг спомен од детството е кога добив МВП награда кога мојот тим го освои првенството на сојузната држава во бејзбол.“ – рече еднаш Џордан.

 

Џордан имаше само 14 години кога неговиот татко ги означил димензиите на теренот и поставил кошови од две страни на игралиштето во дворот на семејната куќа. Кошаркарската подлога беше со трева, но Мајкл и неговите браќа брзо ја излижаа сета трева. Супервештините на Мајкл се развија на тој терен. Во главно играл еден на еден против постариот брат Лери, кој никако не можел да го победи.  И баш поради тоа Мајкл ја развил страста за натпреварувањето. Тогаш бил висок само 178 цм и имал 14 години.  Играше за школската екипа и до тогаш имаше забиено само два пати, во двата наврати ја украл топката и забил.

 
“Тоа беше бебешко забивање, чисто обично.“ – се присети Џордан на своето прво забивање. “Со тоа забивање се изненадив самиот себе. Бев горд што можев да забијам.“

 

Во 1978 година, во својата втора година од средното школо Лени Хајг не успеа да влезе во средношколскиот тим. Но, не се откажа од играњето кошарка. Се зарече дека следната година ќе биде уште подобар. И така и беше, во третата година од школувањето влезе во тимот каде му се придружи на својот постар брат Лери. Го бараше бројот 23 .Пред почетокот на сезоната беше 191 цм висок. Играше крило, и имал така импресивна сезона што на крајот на сезоната пред почетокот на 4 година средно школо е повикан во Фајв-Стар Кампот во Питерсбург каде одлично играше.

Но, факултетските скаути не се распрашуваа за Џордан, иако неговото име беше на листата на 300 најдобри средношколски таленти во кошаркарската публикација која беше објавена пред тој да отиде во 4 година средно.

Џордан, меѓутоа не беше така баран во факултетите како втор најпознат средношколски играч, и на крајот се одлучи да ја најде среќата во Северна Каролина. Неговата мајка се сеќава дека Мајкл го мразел тој факултет додека растел. Легендата за Џордан почна да се пишува веќе на првата година од студиите кога тој го погоди победничкиот шут во НЦАА финалето на 15 секунди до крајот на натпреварот. Северна Каролина тогаш го победи на Џорџтаун со 83-82.

 
“Со ова се започна“ – рече Џордан многу години подоцна.

 

Иако, по таа прва година Северна Каролина не освои некој поголем успех со Џордан во екипата, неговата игра му донесе две титули за најдобар факултетски играч на годината (во втората и третата година од студиите). Во третата сезона просечно постигнувал 17.7 поени по натпревар. Строгиот тренер Деан Смит не му дозволувал никакви соло акции и кревање на својата статситика, па затоа и Џордан не постигнувал повеќе од 20 поени по просек. По третата година на светилиштето Џордан се одлучува да излезе на драфт. Таа одлука му ја предложил неговиот тренер Деан Смит.

 
“Секогаш ќе те ценам поради тој совет.“ – рече Џордан за својот тренер.

 

Хјустон Рокетси бираа први и го избраа центарот Хаким Олујаџавон како прв пик, втори бираа Траил Блејзерси кој зедоа уште еден центар Сем Бовиеј. Третиот пик го имаа Булси, кој го зедоа Џордан. Покасно ќе се покаже дека грешката на Портланд што не го избраа Џордан е една од најголемите грешки на драфтовите.

Во Руки сезоната Џордан просечно постигнуваше 28.2 поени, 3.5 скока и 5.9 асистенции, и стана првиот руки по Лери Бирд кој беше водечки во 3 статистички категории. Секако беше и руки на годината.

Следната сезона поради скршената нога изигра само 18 натпревари. На самиот почеток на сезоната, во 3 натпревар ја скрши ногата. Се врати на паркетите во март и до крајот на сезона игра уште 15 натпревари. Во плејофот Булси во првиот круг испаѓаат од велесилата на Селтикси, а Џордан во првиот натпревар постигнува 49 поени, а веќе во вториот се запишува во историјата со 63 поени (шут од игра 22-41), а Булси го губат тој натпревар по две продолженија. Џордан на тој натпревар го обори рекордот на Елџин Бејлор (61) по постигнати најмногу поени во плејоф натпревар. Рекордот стои и ден денес и тешко дека ќе се сруши поради што сегашните тимови играат многу подобра одбрана од регуларниот дел.

 

По тој натпревар Лери Брд изјави: “Бог влезе во Мајкл Џордан.“



 

Сезоната 1986/87 е најдобра статисичка за Џордан. Беше водечки во 7 офанзивни статистички категории, и ја освои првата титула за најдобар стрелец на сезоната, постигнувајќи 37.1 поен во просек во еден натпревар.

Булси во првите 6 сезони со Џордан не стигнаа до финалето. Во плејофот најмногу потешкотии им создаваа “Бед Бојси“ – Детроиот Пистонс. Во сезоната 1987/88 загубија во полуфиналето во исотокот со 4-1,а една сезона подоцна изгубија со 4-2 во финалето на истокот. Во сезоната 1989/90 со 4-3 беа поразени од Пистонси.

Кога Фил Џексон стана главен тренер на Чикаго во 1989 година рече дека Џордан и понатаму ќе биде прва опција во нападот, но ќе мора подобро да ги користи соиграчите за да ја освои НБА титулата. Џексон одлучи Булси во нападот да играат раширени со многу додавања и поставувања. Пристигнувањето на Скоти Пипен, Хорс Грант, Џон Паксон и Б.Џ Армстронг дојдоа добро за тимот.

Плејоф фрустрацијата конечно заврши во 1991 година. Булси им се одмаздија на Детроиот за предходните 3 едно по друго порази посрамотувајќи ги со 4-0 во финалето на Истокот. Во големото финале Лос Анџелес Лејкерси не можеја против Булси. Иако, Лејкерси го добија првиот натпревар, Булси ги победија следните 4 и така стигнаа до својата прва историска титула. Во финалето Џордан го засени Меџик Џонсон, и просечно постигнуваше по 31 поени со шут од игра 51 %, а имаше и 11 асистенции и 6 скока по натпревар. Секако беше и МВП на финалето. Додека го примаше трофејот за кој 6 години сонуваше, ТВ публиката можеше да види како неконтролирано плаче.

 
Меџик меѓу првите му честита на Џордан : “Гледам солзи во твоите очи.  На сите им докажа дека си победник и сјаен играч.“

 

Неговата задача во сезоната 1991/92 беше да ја освои повторно титулата и да докаже дека освоената титула не е случајност. Тоа и се случи но патот до финалето не беше лесен. Њу Јорк Никси под водство на Пет Рајли, играа цврста физичка одбрана и со тоа ги доведоја Булси со 7 натпревар .Џордан во тој 7 натпревар постигна 42 поени, а Булси во легендарната Чикаго Садиум арена ги уништија Никси со 110-81. Во финалето Бусли ги победуваат Кавси во 6 натревари .Во големото финале ги чекаше Портланд .Во првиот натпревар Џордан беше незапирлив, во првото полувреме постигна 6 тројки по ред и тоа полувреме го заврши со рекордни 35 поени. По тие 6 тројки погодени по ред се сврте кон камерата погледна во неа и ги крена рамениците , како да не веруваше дека ќе се случи тоа. Во вториот дел постигна само 4 поени, а Булси ги уништуваат Траил Блејзерси со 122-89. Девет дена покасно, во натпреварот број 6, Булси повторно победуваат со 97-93 и ја освојуваат втората титула. Џордан во последната четвртина постигнува 14 поени. По втор пат е прогласен за МВП на финалето.

Сезоната 1992/93 ќе му донесе на Џордан и добри и лоши моменти. По што Чикаго во Њу Јорк ги губи првите два натпревари од финалето на Истокот, Џордан го напушта Њу Јорк и заедно со својо татко Џејмс одат во Атлантик Сити за да се коцкаат. Медиумите одма се распрашаа за тоа : како може играч кој неговиот тим губи 2-0 во серијата да биде доволно релаксиран за коцкање. Џордан се закани дека ќе ги тужи сите кој тврдеа дека во 2 саатот на утро бил во казино (за ова пишуваше Њу Јорк Тајмс). Џордан тврдеше дека казиното го напуштил во 23 часот во друштво на својот татко.

Џордан другиот ден молчеше, не даваше интервјуа, освен на еден кој му даде а тоа беше неговиот пријател Амаду Рашаду, новинар за НБЦ.

 
“Коцкањето и казиното е легално и не се кладев на натпревари на Булси, па зошто тогаш медиумите треба да ме осудуваат?“

 

А како Џордан го одигра следниот натпрева?  По почетните два порази Булси се собраа и добија 4 натпревари по ред, а во 4 натпревар Џордан постигна 54 поени. Во финалето ги чекаа Санси предводени од Чарлс Баркли. Во првите два натпревари Џордан постинга 73 поени (првата 31 втората 42), а Булси ги добија двата. Тој потоа рече “Сега се работи само за историјата. Овде сме за да ја направиме.“

Со зборот историја Џордан најави дека Булси сакаат да станат првиот тим по Бостон Селтикси од ’60 години кој ќе освои 3 титули по ред. (Селтикси од ’59-’66 освоија 8 титули по ред). Третата утакмица во финалето беше една од најдобрите во финалињата. Булси загубија по три продолженија со резултат од 129-121, а Џордан постигна 44 поени. Во 4 натпревар Џордан на Санси им даде 55 поени. И покрај 41 поен на Џордан во 5 натпревар Булси го губат натпреварот и смалуваат на 3-2. Сега Чикаго мора да се врати во Феникс на 6 натпревар. Во 6 натпревар Булси водеја со 8 поени до крајот на ¾ но во 4/4 Булси постигнаа само 9 поени, а тие сите ги постигна Џордан. Феникс имаше водство од 4 поени и посед на топка на 40 секунди до крајот. Санси не го искористија нападот, топката ја зеде Џордан го претрча цело игралиште и поенитираше за 98-96. Санси повторно имаа шанса за +4 но Дан Мејлер од 5 метри го промаши целиот обрач. Тоа беа 14 секунди пред крајот на натпреварот .На Булси ги спаси Џон Паксон кој погоди тројка за водство од 99-98.3.9 секунди до крајот. Санси повторно имаа можност за победа но Хорс Грант го блокира шутот за победа на Кевин Џонсон. Џордан во тој натпревар постгина 33 поени, и повторно е МВП на финалето, трет пат по ред. Просечно постигнуваше 41 поени во тој плејоф што постави нов рекорд на финалето.

Мајкл тогаш беше на врвот на светот. Но, медиумите не престануваа да му досадуваат и да му копаат по приватниот живот. Поради тоа разговарал и со својот татко за повлекување од кошарката. Еден месец покасно на 22 јули неговиот татко заминал на погреб во Аткинсон во Северна Каролина. По тоа никој не слушна за него. И тогаш на 3 август на виделина излезе вистината. Тој ден во еден поток во Јужна Каролина е најдено телото на Џејмс кое почна да се распаѓа. Го идентивикуваа преку забен картон. Убиен бил со еден куршум во стомакот. Имено приказната оди вака: изгледа дека Џејмс бил уморен и одлучил да го паркира црвениот Лехус (кој Мајкл му го подарил) покрај улица. Судењето покажа дека мотив на убијците Лери, Мартина Демри, Даниел Грин бил ограбувањето.

Кога Џордан во октомври 1993 објави дека се повлекува од кошарката, јавно ги накриви медиумите за недостаток на чувства. Неговите одговори на новинарите беа крати. Џордан рече дека заминува поради тоа што не мора повеќе да се докажува. Од негова страна беше задоволен дека неговиот татко го гледал последниот меч на Џордан.

Но, кога се одрече од кошарката, не можеше да се одрече од натпреварувачкиот дух. Се обиде со својата прва спортска љубов, бејзболот. Сопственикот на Булси Џери Реинсдорф воедно беше и сопственик на Вајт Сокс му даде на Џордан можност да заигра за нив. Но, Џордан не беше некој посебен талент во бејзболот и префрлен е во филијалата на Вајт Сокс, Бирнимгем Баронс.Ниту таму немаше некој којзнае колку добри партии.

И покрај прогнозите на некој пријатели од Џордан кој рекоја дека тој нема да игра повеќе кошарка, на радост на кошаркарските фанови тоа се случи. Џордан неколку пати го посети тренниг кампот на Булси и веќе почнаа да се шират шпекулации дека тој би можел да се врати.Бејзболското капче и палка ги замени со портокаловата топка и паркетот.

Се врати со кратка изјава: “Im back“. Тоа беше на 19 март 1995 во натпреварот против Пејсерси.Но, овој пат со друг број на дресот – 45. Девен дена по натпреварот со Индијана, им даде 55 поени на Никси. Вкупно на 17 натпревари во сезоната имаше просек од 26.9 поени. Но, тоа не беше беше оној стар Џордан, кој беше надвор од форма. Во плејофот против Орландо во втората рунда во клучните моменти ја губи топката и првиот натпревар. Орландо ја добива серијата во 6 натпревари.

Тоа лето е снимен успешниот кошаркарски филм, Спејс Џем, а Џордан жестоко тренираше за да стигне до најдобрата кондиција. Тогаш имаше 32 години и во форма не беше 18 месеци од октомври 1993 до март 1995 година и затоа многу се прашуваа дали Џордан може да ја врати својата форма и да го предводи тимот до нова титула.

Одговорот следеше во сезоната 1995/96. Таа сезона Булси влегоја во историјата бидејќи Џордан ги предводеше до 72 победи, и со тоа го поминаа рекордот на Лејкерси од 1972 година кој изнесуваше 69 победи. Во плејофот немаа некоја голема конкуренција:  падна Мајами 4-0, падна Њу Јорк 4-1, исто така и Орландо 4-0, а во финалето Соникси, Кепм и Пејтон пружија поголем отпор и Булси победија со 4-2. Џордан просечно постигнуваше по 30 поени, а Булси во плејофот остварија скор од 15-3. Во комплетната сезона остварија скор од 87-13 а Џордан по 4 пат е прогласен за МВП на финалето.

 
“Жал ми е што бев отсутен 18 месеци. Среќен сум што се вратив и ја освоив титулата.“- по победата на Соникси.

 

Во сезоната 1996/97 Булси повторно играат величенствено. Имаат скор од 69-13, а можеа повторно да имаат преку 70 ако не загубеја од Мајами и Њу Јорк. Во големото финале ги чекаат Џејзерите предводени од Малоун и Стоктон. Во првиот натпревар Џордан погодува шут за победа преку Брајон Расел. Тој натпревар Џордан го заврши со 31 поени,8 асистенции и скока. Булси победија и во вториот натпревар со 97-85, а Џордан имаше 38 поени, 13 скока и 9 асистенции. Но, Булси ги губат следните две и Јута во петтиот натпревар стигнува до водство со 3-2. Но, тогаш следи една од најдобрите индивидуални претстави во плејофот, еден од најлошите денови за Џордан, но еден и од најдобрите. Поради вироза Џордан тој ден доби жестока главоболка поврзана со повраќање. Со помош на лекови многу исцрпениот Џордан излезе на паркетот во салата на Јута Џез во 5 натпревар. На 47 секунди до крајот Булси губат со 85-84,а тогаш тој погодува слободно фрлање за изедначување, второто го промашува но го фаќа офанзивниот скок и на 25 секунди погодува тројка решавачка за тој меч. Џордан постигна 38 поени од кој 15 во 4/4 со шут од игра 13-29. Имаше и 7 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки во натпреварот за историја во кој едвај стоеше на нозе. Во 6 натпревар во Чикаго Џордан ги води Булси до победа од 90-86 а постигна 39 поени и 11 скока и ги доведе Булси до 5 титула.Во финалето просечно даваше 32.5 поени,а беше и МВП на финалето по петти пат.

Во сезоната 1997/98 Булси беа ставени на свој тест. Почнаа да кружат гласини дека 35-годишниот Џордан е истоштен и уморен. Меѓутоа тоа не им сметаше на Булси и на Џордан да одиграат уште една сезона. Булси таа сезона имаа скор 62-20, а Џордан по 5 пат во кариерата беше МВП на сезоната. Повторно беше најдобар стрелец на лигата, просечно постигнуваше по 28.7 поени (првата полна сезона во која имаше помалку од 30 поени во натпревар по руки сезоната).  Вкупно во кариерата беше избран за 10 пати најдобар стрелец а таа сезона беше избран во првата одбрамбена петторка по 9 пат.

Булси во плејофот во финалето на Истокот имаа големи проблеми со Пејсерсите на Лери Бирд. Жилавите и Борбени Пејерси се изборија за 7 натпревар. Во тој натпревар Пејсерси на 4 минути пред крајот водеа со +7. Но Булси се вратија и победија на крајот со 88-83,а Џордан постинга 28 поени. Во тој натпревар Џордан го помина Карем Абдул Џабар по постигнати поени, и Џордан имаше 5786 поени во 173 плејоф натпревари.(просек 33,4 поени)

Втора сезона по ред во финалето играа протв Јута Џез. Но, овој пат предност на домашен терен имаа Џејзерите. Булси водеја во серијата 3-2. Во одлучувачката 6 утакмица во Салт Лејк Сити, со тројката на Стокотн Јута поведе со 86-83 на 41 секунда до крајот. Џордан ги постигна последните 8 поени за Булси во натпреварот, погоди неколку шутеви и тогаш на +1 Џејзерите имаа напад преку кој можеа да го решат натпреварот. Малоун беше со топката, но Џордан му пријде од зад грб и му ја украде топката на 18 секунди до крајот. Тој веднаш истрча напред и по краткиот дриблинг се ослободи од Расел, и погоди шут од 5 метри на 5 секунди до крајот. Булси водеја со 87-86 и на крајот победија со што ја осовија својата 6 титула во 8 години. Џордан постгина 45 поени во последниот натпревар во кариерата (барем така тогаш се мислше ) и тоа беше 23 пат Џордан да постигне 45 поени во плејофот. Џордан по 6 пат ( и последен) беше прогласен за МВП на финалето.

По таа сезона се пензионира. Тогаш на контата имаше 29277 поени и пред него беа само Џабар и Вилт. Имаше најдобар просек на поени во историјата на лигата, како и во регуларниот дел (31.5) така и во плејофот (33.4). Во сезоната 1997/98 стана најстариот стрелец на лигата после Џери Вест кој имаше 32 години. Девет пати е избран во најдобрата одбамбена петторка, а освен него има уште еден кој е избран 9 пати а тоа е Гери Пејтон.

Мајкл Џордан замина од кошарката како победник, последн поен кој го погоди беше победничкиот.Каков завршеток.И така требаше да остане за сите времиња.Слика на победник.Малку веруваа дека Мајкл ќе се врати.

Една година беше во управата на Визардси и потоа реши да се врати на кошаркарските терени во сезоната 2001/02. Иако на опрошталната конференција рече дека шансите да се врати се 0.1 %, по давањето отказ од претседателското место на Визарси рече :“Се враќам како играч на играта која ја сакам“.

 По што Визарси сезоната ја завршија со скор од 19-63 со Џордан во тимот имаа 37 победи. Џордан тогаш постигнуваше просечно по 23 поени по натпревар, но поради повреда пропушти 22 натпревари и поради тоа не се пласираа во плејофот. Сезоната 2002/03 повторно донесе разочарување, Џордан овој пат ги одигра сите 82 натпревари, но тимот оствари повторно 37 натпревари. Плејофот им побегна за 5 победи. Џордан не беше задоволен од својот тим и по поразот од Њу Јорк јавно ги критизираше своите соиграчи. По таа сезона засекогаш се пензионира.

Меѓутоа ова враќање воопшто не му требаше ( и сам минатата година во едно интервју рече дека згрешил што играл за Визардси). Тимот беше просечен, а со тоа играње во Визарси си ја расипа својата статистика. Конечно се пензионира со просек од 30,1 поен по натпревар (за 0.05 подобар од просекот на Вилт, Џордан 30.12, а Вилт 30.07). Да не беше тоа непотребно враќање ке останеше на просек од 31.5 поени. Неговите десет титули за најдобар стрелец на лигата (7 по ред) исто така се најмногу во историјата на лигата. 50 или повеќе поени има постигнато 39 пати (31 во сезоната 8 во плејофот) и по тоа е на второто место зад недопирливиот Вилт Чамберлеин.

1987 веќе во третата сезона Џордан стана првиот бек во историјата на лигата кој постигнал повеќе од 3000 поени во една сезона и беше прв стрелец на лигата со просек од 37,1 поен. Во сезоната стана и првиот играч бек кој имал побеќе од 100 блокови и 200 украдени топки. Таа сезона беше најдобар одбрамбен играч на лигата, а во наредните сезони ќе потврди дека заслужено ја добил таа награда. Сите знаа дека Џордан може да забие, но и дека може да изигра одлична одбрана. Во девет сезони Џордан истовремено беше најдобар стрелец, избран во првиот дефанзивен тим и во тоа му нема равен. Три пати е биден и најдобар крадец на топки.

Најдобрата Ол Араунд сезона ја играше во 1988/89 коа просечно постигнуваше по 32.5 поени, 8 асистенции и 8 скока. Многу блуску од трипл-дабл.З а Џордан ниту трипл-даблот не беше недостижен има 28 во својата кариера. Тој е првиот играч кој успеал да натправи трипл-дабл учинок на Ол Стар натпреварот во 1997 година во Кливланд кога постгина 14 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Најдобриот доби уште едно признание за се што направил на теренот во 2009 година кога заедно со Дејвид Робинсон и Џон Стоктон е примен во куќата на славните.

 

ЛИЧЕН КАРТОН

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ : МАЈКЛ ЏОРДАН

РОДЕН : 17 ФЕБРУАРИ 1963 ЊУ ЈОРК

ПОЗИЦИЈА : БЕК

ВИСИНА/ТЕЖИНА : 198 ЦМ/98 КГ

СВЕТИЛИШТЕ : СЕВЕРНА КАРОЛИНА

НБА ТИТУЛИ : 6

НБА ДРАФТ : 3 ПИК, ЧИКАГО БУЛС

 

1 comments: