
Најдобриот руски кошаркар Андреи Кириленко само неколку дена по заминувањето од московска ЦСКА и враќањето во најјаката лига во светот, најде нов клуб.Бившиот ас на Јута Џез во наредните две сезони ќе го носи дресот на Минесота, објавуваат американските медиуми, и ќе заработи 20 милиони евра.
Кириленко поради локаутот, се врати во Европа и лани потпиша за ЦСКА каде што и стана и шампион на Русија.Имаше и најави дека ке оди во пензија, но сепак ќе проба уште еднаш во најаката лига во светот.
Тој не е единствениот ’рус’ кој ке игра во Волците следната сезона.Само неколку дена пред него во Минеаополис пристигна и Алексеј Швед.
0 comments:
Post a Comment