Home » » Булси го праќаат Корвер во Хокси

Булси го праќаат Корвер во Хокси

Written By Scyx on 18.7.12 | 23:24

Чикаго и Атланта направија размена во која Кајл Корвер стана нов играч на Хокси.

Овој убиствен шутер за три поени ги напушта Булси по две сезони поминати во Чикаго.Булси за овој играч ке добијат пари во кеш.Корвер како член на “Биковите“ постигнуваше 8,2 поени и 2,1 скок по натпревар.

Договорот на Корвер истекуваше на крајот на следната сезона, а за таа една година ќе заработи 5 милиони долари.Хокси така ја пополнуваат дупката по трејдот на Џо Џонсон во Бруклин.Доведени се шутерите Лу Вилиамс и Ентони Мороу, а сега и Корвер кој со нив ќе се бори за поголема минутажа на паркетот.

Можеме слободно да кажеме дека Хокси и официјално го отпуштија Џордан Фармар, кој го добија во споменатата размена на Џонсон во Нетс.Фамрар ја напуштина НБА лигата, и следните 3 години ќе ги помине во Турција, во редовите на Анадолу Ефес.

Што се однесува на Булси, единствено појачање за сега е пикот Маркус Тиг, додека пак останаа без Вотсон, Бревер, а сега и Корвер, а непозната е судбината на Омер Ашик, Мајк Џејмс, Џон Лукас и Бриан Склабрини.Нивна прва мета беше О.Џ Мејо кој отиде во Далас, а многу извесно е дека Булси ќе ја почнат сезоната без некои значајни засилувања.

0 comments:

Post a Comment