Home » » Линсанити се преселува во Хјустон !

Линсанити се преселува во Хјустон !

Written By Scyx on 18.7.12 | 22:38

Едно од откритијата на минатата сезона во НБА, Џереми Лин го напушти Њујорк Никс, а во новата сезона тој ќе ги брани боите на екипата од Хјустон.

Тоа се случи откако Никс се откажаа од намерата да го задржат играчот во тимот и не ја израмнија понудата на “ракетите”, кои на Американецот со тајвански потекло му понудија плата од 25 милиони долари за три години.

Лин потпиша со Хјустон уште минатата недела, но бидејќи е со статус на ограничен слободен играч, беше должен да чека евентуална понуда од Никс.

Денес стана јасно дека договор со слични параметри тој нема да добие од Њујорк и тоа официјално го направи играч на Рокетс за следната сезона.

“Благодарен сум на Њујорк Никс за нивната поддршка минатата сезона. Без размислување можам да кажам дека тоа е најдобрата година од мојот живот! Засекогаш ќе ви бидам благодарен! “

напиша Лин преку Твитер.

Во изминатиот шампионат Џереми Лин го привлече вниманието кон себе, откако за 35 средби во просек бележеше по 14.6 поени, 6.2 асистенции и 3.1 скока.

Инаку, за овој период во Никс, 23-годишниот кошаркар зеде скромни 762 илјади долари.

0 comments:

Post a Comment