Некогашниот репрезентативец на Србија и Црна Гора, Саша Павловиќ, од оваа сезона ќе го носи дресот на својот седми тим во НБА.
Павловиќ која минатата сезона ја мина во тимот на Бостон Селтикс, ќе се пресели во Орегон, каде во следните три сезони би требал да ги брани боите на Портланд.
Саша ќе ја игра својата 10та сезона во “лигата на вонземјаните“. Досега тој ги бранеше боите на Јута, Кливлренд, Минестота, Далас, Њу Орлеанс и Бостон.
Тој во своите 528 мечеви кои ги одигра во НБА, просечно бележеше по пет поени, два скока и една асистенција.
0 comments:
Post a Comment