Од НБА лигата вечерва ги објавија сите играчи кои ќе учествуваат на Rising Stars натпреварот, односно натпреварот за сите дебитанти и играчи со две-годишно искуство, кој ќе се одигра во склоп на Ол-Стар викендот.
За голема радост на сите македонци, Перо Антиќ ќе настапи на овој натпревар!
![nbamkd.com](http://nbamkd.com/wp-content/uploads/2014/01/nbamkd.com_69.jpg)
Останатите учесници на натпреварот се: Мајкл Картер-Вилијамс, Стивен Адамс, Џианис Антетонкумпо, Треј Брк, Тим Хардавеј Џр., Виктор Оладипо, Кели Олиник и Мејсон Пламли од кај дебитантите, додека од играчите во својата втора НБА сезона ќе настапат: Ентони Дејвис, Дејмиан Лилард, Херисон Барнс, Бредли Бил, Андре Драмонд, Теренс Џоунс, Џеред Салинџер, Џонас Валанчунас и Дион Вејтерс.
Играчите ќе бидат измешани и поделени во два тима, а играчите за своите тимови ќе ги бираат Шекил О'Нил и Чарлс Баркли.
Можете да забележите дека има некои прашалници околу овој избор, како на пример недостасувањето на Бен МекЛемор, Теренс Рос, Кентавиус Калдвел-Поп, Мајлс Пламли...
Сепак тука останува и мала дилема околу настапот на Перо во Њу Орлеанс, бидејќи тој се здоби со повреда на глуджот пред една недела и сеуште нема информации околу неговата состојба. Останува да се надеваме на најдоброто и му посакаме на Перо побрзо да заздрави!
Rising Stars натпреварот ќе се одигра на 14. Фебруари, на првиот ден од Ол-Стар манифестацијата.
0 comments:
Post a Comment