Home » , » Шек не престанува да му прфрла на Двајт Хауард. Повторно критика кон Супермен

Шек не престанува да му прфрла на Двајт Хауард. Повторно критика кон Супермен

Written By Unknown on 5.10.12 | 18:49

Најдобриот центар во лигата Двајт Хауард е сега со Лос Анџелес Лејкерс, но легендата на истиот тим Шекил О'Нил го нема сменето мислењето за Двајт Хауард. Повторно јавно му префрла на Хауард, овојпат дека дури Брук Лопез и Ендру Бајнам се подобри центри од него. 

Шек оваа провокација на изјави за „ESPNNewYork“ :

“Двајт Хауард, кој е pick-and-rоll играч, многумина велат дека тој е најдобриот центар во лигата. Но, јас мислам дека РОБИН Лопез и Ендру Бајнам се подобри центри од него, затоа што играат со грбот кон кошот.“ - изјави Шек.

РОБИН Лопез ? Го засенува неговиот подобар брат Брук Лопез ?!?

Шек, со глас на исправување на грешката: “Мислев на Брук. Иста работа, браќа се.“

Да се потсетиме дека Шек оваа изјава не ја дава на некоја локална телевизија, што не и се верува, туку ја дава за најдобриот спортски медиум „ESPN“. 

“Ако сакате да одберете центар што е одличен во pick-and-roll офанзивата и центар што ќе ви дава "highlight" забивања, тогаш мора да го одберете Хауард. Но, јас како "old-school" центар, ќе мора да го одберам Ендру Бајнам и кој Лопез ? - Брук Лопез.“

Дали Шек му замера на Хауард за тоа што премногу забива ? Тоа едноставно не е реално ... ниту пак логично. Доколку Шекил го мрази Хауард, не треба да излегува со изјави дека Брук Лопез е подобар центар од него. 

Како и да е, на тренинг на Лејкерс во четвртокот, Двајт Хауард веднаш му возврати на Шек:

“Воопшто не ми е грижа што Шекил О'Нил зборува. Тој ја одиграл оваа игра и завршил со неговата кариера. Време е да размислува на други работи. И тој го мразаше фактот што кога  тој беше помлад, постарите или пензионирани играчи му префрлаа и му замераа за неговата игра. Сега, тој го прави сосема истото. Навистина нема смисла да зборува така за мене. Неговато време помина. Седни и опуштисе. Твоето време истече.“ - итро возврати Двајт Хауард.

Само за информација, кога  Двајт Хауард ја имаше топката, тој 57.5 % од позициите ги користеше во нискиот пост. Само 8 % од неговите поени доаѓаа од pick-and-roll. После играта во нискиот пост, најголем процент од неговите поени (12 %) доаѓаа по офанзивен скок. 
А, забивањето останува да биде најефикасниот начин за да се постигне поени во НБА лигата. Ако Хауард продолжи вака да игра за Лејкерс, тоа може да биде само добра работа за нив.

0 comments:

Post a Comment