Home » , » Хауард пред натпреварот со Орландо :“Кога ќе почне натпреварот, немам пријатели во таборот на Магичните“

Хауард пред натпреварот со Орландо :“Кога ќе почне натпреварот, немам пријатели во таборот на Магичните“

Written By Anonymous on 1.12.12 | 17:52


Прв пат по напуштањето на Меџик, Двајт Хауард, центарот на Лејкерси ќе ги одмери силите со Орландо на својот нов домашен терен - во Стејплс центарот.

Екипата на Орландо Меџик пристигнува во “Градот на Ангелите“, кога во недела во Стејплс Центарот ќе ги одмерат силите со ЛА Лејкерс. Тоа ќе биде прв дуел на сегашниот центар на Лејкерси со неговиот поранешен тим.

Популарниот “Супермен“ гребеше на крајот на сезоната со своите раце за да ја напушти Флорида и да отиде во некој поголем клуб. По што се скара со тренерот и даде оставка (Стен Ван Ганди), Хауард не се смири додека челниците не го трејдуваа.

Во недела поранешниот член на магичните прв пат треба да ги одмери силите со својот поранешен клуб. Тоа е убава прилика и можност да се сретне со своите поранешни соиграчи, а како што вели тој посебно се радува со тоа.

“Ќе ми биде помалку и чудно да играм против мојот поранешен клуб. Меѓутоа, на теренот нема да биде ништо, излегуваме на паркетот со цел да победиме и да ја продолжиме серијата на позитивини резултати. Затоа ќе пробам да ја разбистрам главата и да истрчам сосема спремен на теренот. Сакам добар резултат, а не журка на теренот.“ - вели Хауард .

Новинарите се интересираа дали Двајт Хауард има пријателски односи со некој од Орландо.

“Знаете како, кога натпреварот почне, пријателство веќе нема. Се ставам на паузата и одам кон натпреварот. Мора да победиме.“ - јасен е Хауард.

Екипата на Лејкерси оваа сезона по принцип игра топло-ладно и имаат скор од 8 победи и 8 порази. Двајт Хауард им придонесува со 18.6 поени и 11.1 скока по натпревар.

0 comments:

Post a Comment