Home » , » ТОП 10 бекови поентери

ТОП 10 бекови поентери

Written By Anonymous on 31.8.12 | 17:51


10.ДеМар ДеРозан (16.7 поени, 42 % од поле)
ДеМар ДеРозан можеби е изненадување што е на оваа листа, но младиот играч на Рапторси е дефинитивно еден од најдобрите поентери иако во сезоната 2010/11 постигнување 17.2 поени по натпревар.
109268734_crop_650x440
9.Џејмс Харден (16.8 поени, 49 % од поле)
6тиот играч на Оклахома Сити Тандер добро се разигра во оваа измината сезона постигнувајќи најмногу поени во кариерата на еден натпревар, најмногу асистенции, скокови, шут за 3 и ја освои наградата за најдобар играч кој влегува од клупата.
114564206_crop_650x440
8.Тони Паркер (18.3 поени, 48 % од поле)
Тони Паркер помина многу време на листите за МВП на сезоната, има одличен шут, добро асистира и ги водеше Спарси до првото место на Западот.
142355762_crop_exact
7.Џо Џонсон (18.8 поени, 45 % од поле)
Новиот играч на Нетс, бекот Џонсон однесе добар талент во ново формраниот клуб и во 7те сезони поминати во Атланта постигнуваше по 21 поени во просек, со што забележа и 6 ол стар настапи.
99602475_crop_650x440
6.Брендон Џенингс (19.1 поени, 42 % од поле)
Бекот ги одигра сите 66 натпревари во оваа скратена сезона за Бакс постигувајќи свој нов рекорд во минути, украдени топки и поени.Дали ќе продолжи вака ?
138013759_crop_exact
5.Крис Пол (19.8 поени, 48 % од поле)
Еден од најдобрите плејмејкери во лигата оваа сезона стана првиот Клипер кој е избран во првиот тим на сезоната откако франшизата се пресели во ЛА.Тоа докажува колку Пол е важен за овој тим.
4.Монта Елис (20.4 поени, 43 % од поле)
Елис е еден од најдобрите бек шутери во лигата после Коби, Вејд, Харден, Џонсон и Џинобили.По трејдот во Милвоки почна полека да го покажува своето вистнско лице.
Ellis-chi_crop_650x440
3.Дерон Вилијамс (21 поени, 41 % од поле)
Дерон продолжува да биде сметан за еден од најдобрите плејмејкери во лигата, но неговиот инстинкт за поени е одличен со што докажа кога оваа сезона постигна 57 поени и во просек асистирајќи по 8.7 пати по натпревар.
Uspw_6177764_crop_exact
2.Расел Вестбрук (23.6 поени, 45 % од поле)
Расел продолжи да игра неверојатно за Тандер, поставувајќи рекорди по процент на шут и поени.Експлозивниот плејмејкер заслуши да се најде на оваа втора позиција.
146366513_crop_exact
1.Коби Брајант (27.9 поени, 43 шут од поле)
Коби сеуште е добар шутер, поентер.Оваа сезона го помина Шек на вечната листа на поени и сега е 5ти.Но шутот од поле му е помал од неговата втора софмор сезона во НБА лигата.
Hi-res-144533820_crop_exact

0 comments:

Post a Comment