Home » , » Зошто Коби Брајант е меѓу 5 најдобри играчи во историјата на НБА ?

Зошто Коби Брајант е меѓу 5 најдобри играчи во историјата на НБА ?

Written By Anonymous on 31.8.12 | 17:17


Кога и да се пензионира и да стави крај на својата фантастична НБА кариера, Коби Брајант ќе биде запаметен како еден од најдобрите како и најпотценет и најкритикуван играч кој некогаш играл во НБА.

Иако во кариерата има 5 прстени, 2 МВП награди на НБА финалињата, 1 МВП на регуларната сезона, 14 Ол-Стар настапи, 14 пати бил вклучен во најдобрата петорка на НБА, 12 пати избран во најдобрите одбранбени петорки во НБА, 2 титули најдобар стрелец, сепак некои луѓе ги оспоруваат овие достигнувања и неговото место како еден од најдобрите 10 играчи кои некогаш играле во НБА. Причината поради која мнногумина го критикуваат и не го сакаат е поради кавгата со Шек, или пак поради правниот спор во 2003г. кога беше неправедно обвинет за силување, или пак кревкиот брак со неговата сопруга, неговаиот арогантен карактер. Иако можеби овие се вистините факти и карактеристики сепак тоа не го прават послаб кошаркар, не можат да му ги одземат сите достигнувања и сите работи кои ги направил на теренот, а нив ги има многу. Ќе погледнеме само неколку работи кои го прават Коби Брајант еден од најдобрите во историјата на НБА, а со сигурност најдобар кошаркар на денешницата.

29,484- Толку поени има постигнато Коби Брајант до ден денеска, број кој го искачува на 7 место на вечната листа на стрелци во НБА, пред играчи како што се Шек, Оскар Робертсон (26,710), Чарлс Баркли (23,757) и Лери Брд (21,791). Големиот МЏ пред Коби е само за 2,808 поени, и тоа на третото место. Кога Коби би го престигнал тогаш би заостанувал само зад Карим Абдул-Џабар и Карл Мелоун. Дали го почитувате или не, дало го цените, го сакате или не, тоа е достигнување кое е и тоа како е престижнно и само по себе зборува каков играч е Коби.

5,141- Бројот на асистенции на Брајант, според кој се наоѓа на 41 место на вечната листа. Брајант по просек има не помалку од 4.5 асистенции по натпревар во последните 13 сезони. Не мнногу играчи кои постигнуваат толку многу поени можат да се пофалат со таков просек на асистенции.

1,722- Бројот на украдени топки во кариерата на Коби. Број кој гос тава на 18 место на вечната листа на крадци. Иако најчесто кога ќе се спомне Коби се мисли на него како на шутер и поентер, сепак овој висок број на украдени топки како и 12 избори во најдобрите дефанзивни петорки во НБА се доказ дека Коби е и добар во одбраната исто како и во нападот.

81-Најголем број постигнати поени на еден натпревар. Коби постигна 81 поен на натпреварот против Торонто на 22 Јануари 2006 година. Ова негово достигнување е второ на вечната листа на најмногу поени постигнати ане ден НБА натпревар веднаш зад 100 поенни на Вил Чембрлен. Импресионнира фактот што Коби повеќето од овие поени го постигна со скок-шутеви или пак до тешки позиции најќество удвоен или бранет од 3 играчи во текот на целиот натпревар. Не беа тоа лесни поени од линијата за слободни или пак влезови под обрачот, најчесто беа скок-шутеви. Овој скор Коби можеше да го надмине уште истата сезона во натпреварот против Далас кога за ¾ постигна 62 поени, повеќе од целиот тим на Далас кој постигна 61, но беше заменет од Фил Џексон.
Едноставно брилијантно.

Има уште ред други статистички категории кои можат да се анализираат и да докажат дека Коби навистина е меѓу 5 најдобри играчи во историјата на НБА, но овие се најголемите и треба да бидат доволни за неговата кандидатура за топ 5. Точно е дека понекогаш агресивната игра и форсирањето на шутеви се причина поради која луѓето не го ставаат во топ 5, но исто така е точно и дека на многумина врз нивното мислење имале влијание настани кои се случувале надвор од кошаркарските терени.

Кога ќе ја заврши кариета и кога ќе му биде подигнат споменик пред Стејплс Центар, што несомнено ќе се случи исто како што и неговиот број ќе биде пензиониран (дали 8 иили 24 тоа останува да се види), Коби ќе биде запаметен како еден од најдобрите 5 играчи кои воопшто некгаш играле кошарка на оваа планета и како најдобриот соло играч во НБА историјата, покрај МЏ.

Бројките не лажат.

Дали го сакате или го мразите, големината на Коби треба да биде ценета и треба да уживаме во извонредните партии кои ќе ни ги понуди во неколкуте сезони кои му преостануваат додека не реши да се пензионира, затоа што никогаш нема да има играч како Коби Брајант.

0 comments:

Post a Comment